Browsing: фудбал

Словенија во јуни ја очекуваат две гостувања во групата Г во квалификациите за ЕП 2020. Најпрво кај соседот Австрија во Клагенфурт, а потоа и во Рига на селекцијата на Летонија

Шпанските медиуми пишуваат дека Бразилецот ќе работи со најталентираните фудбалери во младинскиот погон, популарната „Ла Фабрика“, што треба да биде од големо значење за негова интеграцијата кај „галактикоси“

Вечерашниот меч на фудбалските репрезентации на двете земји во квалификациите за ЕП 2020 е закажан во 20.45 часот на стадионот „Стожице“ во Љубљана. Воедно е прв за бодови по досегашните четири од пријателски карактер во кои „црвено-црните“ се радуваа трипати, а „змајчеки“ го добија последниот судир во Копер под водство на Среќко Катанец

На кормилото во минатото лето го наследи сонародникот Џани де Бјаси под чие водство репрезентација дебитира на Европските првенства во 2016 година. Ги предводеше Албанците во 15 меча во кои забележа четири победи, девет порази и двапати одигра нерешено

Премиерата е против Летонија на националната арена „Филип Втори“ со почеток во 20.45 часот. Пристапот останува непроменет како и формацијата во насока на единствена цел – континуитет од настапите од последните десетина натпревари вклучувајќи ги и доминантните во Лигата на нации. Но, и за победнички белег на јубилејниот 100. меч на капитенот во „црвено-жолтиот“ дрес колку што претходно одигра и Гоце Седлоски

Капитенот на македонската репрезентација мина еден час на клупата пред Чезаре Прандели да реши да го испрати на терен со надеж дека токму тој може да направи разлика. И ја направи. Во 72. минута му асистира на Стефано Стураро за 1:0, а во 81. минута со мајсторски удар и самиот се запиша во листата на стрелци за конечни 2:0 на „Луиџи Ферарис“ во Џенова

„Кралевите“ триумфираа со 2:0 со погодоците на Иско и на Герет Бејл во второто полувреме, со идентичен резултат и тимот од „Сан Мамеш“ освои три бода против замаената, по елиминацијата во ЛШ, чета на фудбалери на Диего Симеоне

Струмичките „академци“ го совладаа Силекс со 2:0 во натпревар од 23. коло во домашниот фудбалски шампионат и останаа на второто место на табелата меѓу тетовски и скопските „црвено-црни“. Минимални победи на Шкендија и на Вардар над Работнички, односно, Шкупи