Browsing: фудбал

„Гордиот Албион“ ја стивна „фуријата“ во Севилја со 3:2 во третото коло од најсилната конкуренцијата во Лигата на нации на УЕФА. Два гола за гостите постигна Рахим Стерлинг, еден беше дело на Маркус Рашфорд, стрелци за составот на Луис Енрике беа Пако Алкасер и Серхио Рамос. БиХ максимална во Лига Б и на чекор до плејоф за ЕП 2020

На тапет се најдоа Александар Кокорин и Павел Мамаев кој го нападнаа Денис Пак, еден од највлијателните московјани, во ресторан во руската престолнина. Мамаев веќе доби отказ во Краснодар, потег што засега го нема од Зенит за Кокорин. Според тамошните медиуми, против двајцата се најавени кривични пријави и можна казна затвор. Се шпекулира дека недоличното однесување на Кокорин и на Мамаев значи крај на нивните репрезентативни кариери

„Под команда“ на селекторот Игор Ангеловски се стави и Стефан Ристовски за комплетирање на националниот тим, но не и Иван Тричковски од АЕК Ларнака кој ќе мора да паузира во наредните десетина денови поради истегнување на бутниот мускул. Саботниот мечл на арената „Филип Втори“ е со почеток во 20.45 часот, влезниците се продаваат по цена од 150 денари за северната трибина и 100 денари за јужната

На комплексот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го немаше само Стефан Ристовски кој синоќа имаше меч со Спортинг Лисабон како и Иван Тричковски кој отпадна од комбинација за претстојните обврски кон националниот тим поради повреда. Приклучувањето на офанзивниот бек на португалскиот лигаш е најавено во текот на утрешниот ден за комплетирање на селекцијата. Мечот со Лихтенштајн во Лигата на нации е во сабота од 20.45 часот на арената „Филип Втори“ кога се одбележуваат 25 години од првиот настап на националниот тим против Словенија во Крањ

Четирикратниот македонски фудбалски првак и поранешниот селектор, како што наведуваат од клубот, се договорија за спогодбен раскин на договорот поради лошите резултати на дебармаалци во домашното првенство што воопшто не коинцидираат со амбициите

Динамо Загреб славеше кај Андерлехт со 2:0 како и Фенербахче на домашен терен против Спартак Трнава. Челзи го совлада Види МОЛ на „Стемфорд Бриџ“ со 1:0, Баер Леверкузен подобар од АЕК Ларнака со 4:2. Единствен од македонските репрезентативци што остана без минутажа во денешните клупски настапи во Лига Европа беше Стефан Ристовски чиј Спортинг Лисабон триумфира над украинска Ворскла во Полтава со 2:1

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија објави списокот со 21 играч за претстојните дуели со Лихтенштајн во Скопје (13 октомври) и со Ерменија во Ереван (16 октомври) во Лигата на нации на УЕФА (Д дизивија). Во националниот тим се враќаат Аријан Адеми, Ферхан Хасани и по подолго време Дамјан Шишковски. Собирот е закажан во понеделник во Скопје. „Црвено-жолтите“ се лидери во четвртата група по септемвриските победи по 2:0 над Гибралтар и Ерменија

Наполитанците во 90. минута до три бода во мечот со Ливерпул, премиерлигашот не успеа да впише бод(ови) против Каталонците на „Вембли“, „нероаѕурите“ славенички ја напуштија „Филипс Арена“ по дуелот со ПСВ Ајндховен

„Црвено-црните“ попладнево во Штип ја совладаа Победа со 1:0 и ја зголемија предноста на врвот на табелата на четири во однос на Академија Пандев која одигра без голови со тетовци во Турново. Работнички ремизира со Беласица (1:1), резултат со кој завршија и Силекс и Македонија Ѓ.П. во Кратово. Единствено Ренова славеше на домашен терен против Шкупи со 2:0

Погребот е закажан за утре во 14 часот на градските гробишта во Струмица, три часа претходно ќе се одржи комеморативна седница во големата сала на Центарот на култура „Антон Панов“ во Струмица, соопштија од координативното тело