Browsing: фудбал

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии на Црногорецот во дрес со бројот 10 што досега беше сопственост на 18 годишниот напаѓач кој, според ТВ „Скај“ ќе оди на едногодишна позајмица во ПСЖ, а „светците“ притоа се обврзале да го откупат неговиот договор наредното лето за 180 милиони евра.

Македонскиот репрезентативец во финишот на преодниот рок ја прифати понудата на Ференцварош и потпиша договор на три години со унгарскиот прволигаш од Будимпешта. Негова замена во средниот ред на „црвено-црните“ е 23 годишниот српскки интернационалец кој во Скопје доаѓа од Корона Кјелце од Полска

Рашфорд и Фелаини влегоа од клупата и во само 12 минути ги пробија гостите од „Кинг Пауер“ стадионот на задоволство на спринтерот од Јамајка кој беше на трибините на „Олд трафорд“. Лукаку во 53 минута не успеа да реализира пенал

Тивкиот работник на теренот, но и надвор од него, му пресуди на Фенербахче во судиското надополнување на реваншот плеј-офот за печат на „црвено-црната“ мисија наречена групна фаза во УЕФА Европа лигата

„Граѓаните“ се намачија на гостувањето на „Виталити“, но на крајот, сепак, успеаја до трите бода против Борнмут (2:1) со погодокот на Рахим Стерлинг во седмата минута од судиското надополнување. Домашните поведоа со прекрасниот погодок на Чарли Дениелс во 13 минута, осум минути по него израмни Габриел Хезус по асистенција на Давид Силва.

Легендарната „деветка“ на „црвено-црните“, кој е спортски директор на македонскиот шампион, го опиша Фенербахче како Реал Мадрид за овој дел од Европа и успехот од четвртокот посака да стане навика во иднина, но без создавање на автопритисок. Истакна дека полесно му било во времето во копачки одошто сега како функционер. Во двомечот со турскиот гигант, вели, бил напнат, нервозен и не можел да гледа меѓутоа вербата во тимот, во тренерот и за пласман во групната фаза не го напуштила во ниту еден момент

Александар Кокорин, репрезентативец на „зборнаја“, го гледа својот Зенит за најголем фаворит во групата Л во која ќе игра и Вардар. Тренерот на Розенборг, пак, со коментар дека групата е отворена и притоа му дава блага предност на Реал Сосиедад чии фудбалери ја опишаа конкуренцијата како комплицирана

Македонскиот фудбалски шампион ќе игра на „Телеком арена“ во првиот и во последниот настап во групата Л. Два од трите меча во Скопје со почеток во 21,05 часот. „Црвено-црните“ двапати гости едноподруго во ноември, најпрво на „Аноета“ во Сан Себастијан против Реал Сосиедад, а потоа и на „Крестовски“ стадионот на Зенит

„Црвено-црните“ кои пред седум дена во СКопје почнаа со испишување на историја со победата над Фенербахче со 2:0, ја комплетираа вечера на „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул со нов триумф над турскиот гигант. Ждрепката за групите ЛЕ е закажана за утре во 13 часот