Browsing: фудбал

Идејата за натпревар од ваков тип како вечерашниот на „Телеком арена“ датира од 1971 година зад која стои новинарот и уредник во холандскиот весник „Де Телеграф“ и се појави во време во кое холандскиот тотален фудбал на клупски план (особено Ајакс) и на репрезентативен под водство на легендарниот Јохан Кројф земаше замав во Европа. Победникот покрај трофеј тежок 12,2 килограма и висок 58 сантиметри ќе добие и парична награда од 3,2 милиони евра, за поразената екипа се предвидени 2,2 милиона евра

Улица „Македонија“, вообичаено главна артерија во централното градско подрачје за променада, и истоимениот централен плоштад се преплавени со луѓе почнувајќи од хотелот „Бристол“, па таму некаде до „Даут Пашин Амам“. Ги има од сите возрасни категории, но, се чини, во атмосферата што е налик на карневалска најмногу уживаат и најсилно бијат детските срца

Веста дека на списокот патници за Македонија се наоѓа и Португалецот наиде на задоволство кај фановите на „кралскиот“ клуб. Во експедицијата на гигантот од Мадрид и синот на Зинедин Зидан, Лука кој ќе биде трет голман на „Телеком арена“

Победникот на „Вембли“ беше одлучен на пенали што се изведуваа по системот АББА (1-2-2-2-2-1), откако мечот во основните 90 минути заврши 1:1. „Топчиите“ на крајот беа подобри од белата точка со 4:1 и по 15 пат го освоија англискиот Суперкуп

Веста ја потврди Дамир Мишковиќ, претседател на клубот од „Рујевица“. Македонскиот фудбалски репрезентативец го напушта хрватскиот првак и, според најавите, за ден-два се очекува и официјално да биде промовиран во португалскиот гигант

Првиот меч е во Пиреја на 16 август, реваншот е закажан за шест дена подоцна на стадионот „Рујевица“. Во истите термини и пресметки меѓу Хапоел Бер Шева и Марибор. Воведните 90 минути од двомечот ќе се одиграат во Израел. Епитетот дерби за Наполи – Ница, односно, Хофенхајм – Ливерпул

По минималниот триумф на „Филипс арена“ пред седум дена, хрватскиот состав го совлада холандскиот гигант од Андховен и во реваншот на домашен терен со 1:0. Словенечкиот состав, пак, го елиминира бундеслигашот по триумфот на домашен терен со 2:0

Тетовци попладнево во Струмица го совладаа Тракаи со убедливи 3:0 и се придружија на Вардар во утрешната ждрепка за последното скалило во второто по ранг европско клупско фудбалско натпреварување

Реакцијата од Ла Лига е без легална основа за спречување на трансферот бидејќи е исполнет услов од договорот, но, сепак, се решија да стават вето и најавија жалба до УЕФА за прекршување на финансискиот фер-плеј од францускиот клуб

„Црвено-црните“ во неверување од расплетот на ситуацијата на „Паркен“ во Копенхаген против истоимениот домаќин во реванш мечот од третото квалификациско коло за ЛШ, но изразуваат и оптимизам дека можат до групната фаза во Лига Европа