Browsing: фудбал
Тетовци попладнево (17 ч.) во Струмица го играат реваншот против литванскиот ривал кој во Македонија допатува со триумф од 2:1 од првата средба во Вилнус
Данскиот првак успеа да ја анулира негативата од еден гол по првата средба во Скопје и со убедливи 4:1 славеше на својот „Паркен“ стадион во реванш мечот од третото квалификациско коло за елитното натпреварување на УЕФА. Вардарци имаа резултат и играч повеќе на теренот по 71 минута во која исклучен беше Грегуш, но во последните 20. минути примија уште два гола за елиминација
„Црвено-црните“ вечерва (20 ч.) на „Паркен“ ќе ги одиграат возвратните 90 минути од двомечот со данскиот првак пришто ќе треба да докажат дека се созреани за предизвик и притисок во натпреварот. Имаат 1:0 од Скопје, резултат што најдобро се негува со избалансирана игра во двата правца наместо со ориентирање кон одбрана на сопствениот гол. Утеха за елиминираниот состав ќе биде трансфер во плеј-офот за УЕФА Европа Лигата.
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) делегираше судиски колегиум од Островот на чело со Џон Битон од Мадервел чиј работен век е поврзан со новинарството пред да стане дел од секторот за односи со јавност во полицијата во Стратклајд (околина на Глазгов). Моментно работи во секторот за односи со јавност на Универзитетот во Стратклајд. Дуелот меѓу данскиот и македонскиот првак е утревечер (20 ч.) на стадионот „Паркен“
На „Висенте Калдерон“ во Мадрид и на „Вајт Харт Лејн“ во Лондон досега не пристигна ниту еден нов играч. Но, затоа е како врвулица на „Олимпико“ во Рим, на „Јуве арена“ во Торино, на „Луј Втори“ во Монте Карло и на „Етихад“ во Манчестер
Осомничениот „пилот“ на дронот за време на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и на Албанија беше приведен од хрватска полиција во јуни врз основа на потерница што ја издадоа српските власти, а судот во Дубровник сега одобри негова екстрадиција во Белград. Според агенцијата „АП“, навивачите за вечерва повикуваат на собир во Тирана за вршење притисок врз Владата на Албанија и премиерот Еди Рама за заземање во случајот
Казната за шкотскиот гигант е последица на кореографија на дел од неговите навивачи за време на мечот со Линфилд од Северна Ирска во квалификациите за Лигата на шампиони
Нејмар во Париз се чека за потпис на договор до 2022 година вреден 150 милиони евра или 30 милиони по сезона. Со тоа, Бразилецот ќе стане најскап играч во историјата на фудбалот и „дебело“ ќе го надмине Пол Погба кој минатото лето се пресели од Јувентус во Манчестер јунајтед за 105 милиони евра
Половина од десетте клуба колку што преостанаа во двете натпреварувања на УЕФА славеа во првите мечеви. Со предност на гости ќе патуваат Вардар, Црвена звезда, Динамо, Марибор, а Осиек се врати со голем триумф од Холандија. Риека и Хајдук ремизираа кај Салцбург, односно, Брондби, додека Шкендија, Партизан и Домжале загубија меѓутоа тетовци и покрај поразот од Тракаи, сепак, со имаат најголеми шанси за пласман во наредната рунда
Лојалноста како принцип натежна во носење на конечната одлука на белгискиот репрезентативец да остане каде што е, па реши да ја продолжи соработката со „волчицата“ за нови четири сезони
„Росонерите“ ја совладаа Крајова со 1:0 во првиот меч од третото квалификациско коло за Лига Европа, но и прв официјален меѓународен за тимот од „Сан Сиро“ по 2014 година. Со ист резултат, пак, четвртопласираната екипи во хрватското првенство за минатата сезона го порази тимот од Ајндховен на неговата „Филипс арена“
Тракаи славеше со 2:1 во првиот меч од третото коло што македонскиот вицепрвак го заврши со две исклучувања. Директен црвен картон во 57 минута доби Стенио Жуниор, стрелец на единствениот погодок за тетовци во Вилнус, а пет минути подоцна по вторпат во бележникот на судијата од Северна Ирска влезе и Ардијан Цуцули. Двата гола за домашните беа дело на Максим Максимов во првата минута и во 52. Реваншот е во четврток на „Младост“ во Струмица од 17 часот















