Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: фудбал
Нејмар во Париз се чека за потпис на договор до 2022 година вреден 150 милиони евра или 30 милиони по сезона. Со тоа, Бразилецот ќе стане најскап играч во историјата на фудбалот и „дебело“ ќе го надмине Пол Погба кој минатото лето се пресели од Јувентус во Манчестер јунајтед за 105 милиони евра
Половина од десетте клуба колку што преостанаа во двете натпреварувања на УЕФА славеа во првите мечеви. Со предност на гости ќе патуваат Вардар, Црвена звезда, Динамо, Марибор, а Осиек се врати со голем триумф од Холандија. Риека и Хајдук ремизираа кај Салцбург, односно, Брондби, додека Шкендија, Партизан и Домжале загубија меѓутоа тетовци и покрај поразот од Тракаи, сепак, со имаат најголеми шанси за пласман во наредната рунда
Лојалноста како принцип натежна во носење на конечната одлука на белгискиот репрезентативец да остане каде што е, па реши да ја продолжи соработката со „волчицата“ за нови четири сезони
„Росонерите“ ја совладаа Крајова со 1:0 во првиот меч од третото квалификациско коло за Лига Европа, но и прв официјален меѓународен за тимот од „Сан Сиро“ по 2014 година. Со ист резултат, пак, четвртопласираната екипи во хрватското првенство за минатата сезона го порази тимот од Ајндховен на неговата „Филипс арена“
Тракаи славеше со 2:1 во првиот меч од третото коло што македонскиот вицепрвак го заврши со две исклучувања. Директен црвен картон во 57 минута доби Стенио Жуниор, стрелец на единствениот погодок за тетовци во Вилнус, а пет минути подоцна по вторпат во бележникот на судијата од Северна Ирска влезе и Ардијан Цуцули. Двата гола за домашните беа дело на Максим Максимов во првата минута и во 52. Реваншот е во четврток на „Младост“ во Струмица од 17 часот
Тетовци, попладнево (18,30 ч.) на стадионот „ЛФФ“ во Вилнус, му гостуваат на литванскиот претставник во првиот натпревар од двомечот за плеј-оф во УЕФА Европа лигата
Македонскиот репрезентативец додаде за водство во 30 минута што хрватскиот претставник не успеа да го сочува во продолжение на средбата. Словенечкиот првак, пак, ќе патува на реванш на Исланд со предност од еден гол по победата на домашен терен над Хафнарфјордур со 1:0
Потпис на втората победа во низа на „црвено-црните“ за елитното клупско натпреварување на стариот континент стави Џонатан Балотели во 65 минута. Реваншот е на 2 август во Данска
Повеќе од половина од Суперлигашите во Кина треба да „измислат“ пари до 15 август за редовно подмирување на обврските кон своите ѕвезди. Во спротивно ќе бидат ифрлени од највисокиот фудбалски ранг во земјата за наредната сезона, но и можна забрана за учество во континенталните натпреварувања. Од нив, покрај тоа, се бараат и гаранции за избегнати на исти или слични ситуации во иднина.
Шпанскиот весник наведува дека „кралевите“ се согласиле да платат 180 милиони евра за 18 годишниот напаѓач од кои 160 милиони веднаш, а 20 милиони преку бонуси. Договорот би се однесувал на шест сезони за неделна плата од 135.000 евра. Тимот од Кнежевството експресно реагираше и преку бритаски „Скај“ порача дека фудбалерот не е продаден
Покрај „црвено-црниот“ судир на „Еколог арена“ во Тетово и битката за Пелагонија, воведната рунда ќе биде комплетирана со дуелите Шкупи – Академија Пандев, Работнички – Ренова и Силекс – Скопје. Новата сезона ќе почне на 13 август (17 ч.), нејзиниот есенски дел ќе финишира на 10 декември (13 ч.)
Брондби ги елиминира чаирчани за Лигата на шампиони (сезона 1999/00), Митјиланд го доби двомечот со прилепчани за УЕФА купот (сезона 2002/03), а Оденсе беше подобар од Работнички за Лига Европа (сезона 2009/10)