Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: фудбал
Дебармаалци имаат 1:1 на домашен терен и ќе треба да уфрлат во поголема брзина за елиминација на белоруски Динамо. Мечот на стадионот „Трактор“ е попладнево од 17 часот. Победникот од двомечот во наредното коло ќе игра со подобриот од дуелите меѓу АЕК Ларнака и Корк сити
Данскиот претставник загуби пред своите гледачи од Жилина со 1:2, но благодарние на триумфот (3:1) во првиот меч во Словачка обезбеди опстанок во елитното натпреварување на УЕФА. „Црвено-црните“ ќе гостуваат на стадионот „Паркен“ на 25 јули, реваншот е на 1 август
За легендарниот италијански фудбалер ова ќе биде прв самостоен селекторски ангажман во кариерата. Досега беше асистент на Фабио Капело во стручниот штаб на репрезентацијата на Русија и тренер на Ливорно и на Тернана.
Во исчекување на официјална потврда од „Стемфорд Бриџ“, информацијата ја објави Џанлука ди Марцио кој важи за еден од најавторитетните европски новинари кога се фудбалските трансфери во прашање. Вредноста на трансферот, според англиските медиуми, е 75 милиони фунти
Македонија, конечно, дочека прва победа и пласман во наредна квалификациска рунда на свој претставник во Лигата на шампиони. Постот што траеше повеќе од една деценија (2006 година) го прекина Вардар кој во реваншот го совлада Малме со 3:1 и се најави на двомеч со, најверојатно, данскиот тим во третото коло
Вредноста на соработката меѓу полскиот репрезентативен голман и шампионот во Серија А, според медиуми на Апенините, е 10 милони евра плус два милиона во вид на бонуси или 3,5 милиони евра по сезона. Поранешниот репрезентативен напаѓач на „азурите“, пак, според „Газета дело Спорт“ ќе го раскине договорот со Верона што го потпиша пред само осум дена и засекогаш ќе ги обеси копачките на ѕид
Реваншот од македонското-шведската фудбалска пресметка е попладнево (18 ч.) на стадионот „Младост“ во Струмица. Првата средба на „Сведбанк арена“ заврши без победник – 1:1
Португалската фудбалска ѕвезда доби продолжен одмор и дефинитивно нема да настапи за „кралевите“ против Манчестер јунајтед на „Телеком арена“ на 8 август
Македонскиот репрезентативец успешно ги мина лекарските прегледи и потпиша тригодишен договор со шпанскиот прволигаш од Валенсија со опција за продолжување на соработката за дополнителни две сезони. Вредноста на трансферот е 1,5 милиони евра
Барди во моментот се наоѓа во Валенсија и подложен е на лекарски прегледи во екипата која се враќа во Примера за наредната сезона. Елмас е во Истанбул на финални преговори со Фенербахче. Според најавите од медиумите во Шпанија и Турција наскоро се очекува и официјализирање на трансферите
Аргентинецот Лукас Билја ги мина лекарските прегледи и потпиша четиригодишен договор со „росонерите“ кои посакуваат уште еден напаѓач за што во нивниот радар се Андреа Белоти од Торино и Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд
Инцидентот се случил по финалето во тамошното фудбалско првенство меѓу локалните ривали Оукам и Стад де Мбур во Дакар. Полицијата употребила солзавец за смирување на страстите што предизвикало мешаница, паника и попуштање на ѕид на една од трибините