Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за ЛШ: Вардар против Малме по виза за Копенхаген

0
By Нова ТВ on July 18, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 18, 2017 10:25

Вардар и Малме во „второ полувреме“ од квалификацискиот двомеч за Лигата на шампиони. По ремито (1:1) на „Сведбанк арена“ минатата недела, на ред се возвратните 90 минути од македонско-шведската пресметка што ќе го дадат ривалот на Копенхаген во третото коло. Мечот на стадионот „Младост“ во Струмица е денеска со почеток во 18 часот.

„Имаме добар резултат, имаме активен резултат од првиот меч, но далеку од тоа дека нè очекува полесна задача. Напротив. Овојпат ќе биде, можеби, уште потешко. Противникот сигурно ќе даде максимум за посакуван резултат, а ние треба со паметна и ангажирана игра и со концентрација во текот на сите 90 минути да покажеме дека оние 1:1 од Малме не беа случајни“, истакна Седлоски, тренер на Вардар, пред реваншот со Малме.

Седлоски не планира, речиси, никакви играчки промени во линиите во тимот за разлика од првиот натпревар. Од оние што ќе ги испрати на мегдан од првата минута очекува да остават срце на терен и максимална заложба да остварат резултат со кој ќе се задржат во фудбалска Европа, барем, уште половина месец.

„Сега, во секој случај, подобро го познаваме Малме по онаа прва средба. Се надевам дека грешките што се пројавија ќе бидат отстранети или во најмала рака сведени на минимум, дека ќе одиграме добар натпревар по кој публиката што ќе дојде во Струмица и јавноста воопшто ќе има причина за радост и задоволство. Добро работевме овие денови и можам да кажам дека фудбалерите се подготвени за предизвикот што ги очекува. Елиминација на Малме и пласман во третото коло во Лигата на шампиони се доволен мотив за нив“, додаде Седлоски.

Судиската тројка за натпреварот доаѓа од Украина. На центарот ќе биде Анатолиј Жабченко, а крај аут линиите ќе му асистираат Александар Војтјук и Серхиј Бекер.

Лига на шампиони/квалификации/2 коло/реванши

Денеска играат

Астана – Спартакс Јурмала (1:0)

Алашкерт – БАТЕ Борисов (1:1)

Вардар – Малме (1:1)

Самтредија – Карабаг (0:5)

ТНС – Риека (0:2)

Викингур – Хафнарфјордур (1:1)

Будуќност – Партизан (0:2)

Двојки за утре

Диделанж – АПОЕЛ (0:1)

Розенборг – Дандалк (1:1)

Копенхаген – Жилина (3:1)

Кукс – Шериф Тираспол (0:1)

Лудогорец – Жалгирис (1:2)

Марибор – Зрински (2:1)

Салцбург – Хибернијанс (3:0)

Селтик – Линколн (2:0)

Легија Варшава – Мариехам (3:0)

Хонвед – Хапоел Бер Шева (1:2)

Во загради се резултати од првите средби

Вардар квалификации Лига на шампиони Малме Струмица фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.