Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лига Европа: Шкендија со спуштен гард ќе брани два гола во Хелсинки

0
By Нова ТВ on July 20, 2017 СПОРТ
Фото: kfshkendija.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 20, 2017 15:15

Ако високите температури беа проблем за Хелсинки во Струмица, тогаш вештачката подлога на стадионот „Сонера“ би можела да претставува хендикеп за Шкендија. Тоа најдобро го знаат Баже Тодоровски и Штефан Вујчиќ, сега првотимци на тетовци, кои имаа прилика да ја почувствуваат при настапот за Работнички во летото во 2014 година.

Но, за разлика од дебармаалци, кои тогаш заминаа на реванш со 0:0 од Скопје, „црвено-црните“ имаат и тоа како голем адут во ракав за пласман во наредната рунда. Двата гола предност (3:1) од првиот меч на „Младост“ би требале да бидат доволни за македонскиот вицепрвак попладнево во финската престолнина за осигурување на место во третото коло во кое ќе одат на двомеч со подобриот меѓу Норчепинг и Тракаи. Швеѓаните имаат 2:1 пред денешното гостување во Литванија.

„Нашата денешна мисија е јасна. Овде сме за елиминација на Хелсинки и само на тоа сме фокусирани. Резултатот од првиот меч нема да нè залаже. Имаме два гола повеќе, но и ривал кој покажа голем потенцијал во Струмица. Ќе биде тешко меѓутоа сме подготвени за нова голема борба и, се надевам, продолжување во Лига Европа“, истакна Ферхан Хасани, капитен на Шкендија, во пресрет на реваншот со Хелсинки.

Големите, на хартија, 3:1 од Струмица нема да бидат причина за Ќатип Османи да менува и во играчкиот дел и во формацијата. Стратегот на тетовци најави дека двата гола позитива ќе се бранат со напаѓачки и отворен фудбал во Хелсинки што се надева дека ќе донесе и посакуван ефект.

„Шкендија не мина толкав пат да се брани. Дојдовме во Хелсинки да играме фудбал и да бидеме активен партнер на теренот. Тоа е нашата определба за потврда на резултатот од првиот меч. Поинаку и не знаеме“, нагласи Османи пред возвратните 90 минути со финскиот претставник.

Реваншот меѓу Хелсинки и Шкендија на „Сонера“, стадион што се наоѓа во непосредна близина на Олимпискиот во финската престолнина е со почеток од 18 часот. Правдата е доверена на судиска тројка од Исланд на чело со Гунар Јарл Јонсон и асистентите Биркир Сигурдарсон и Андри Вигфусон.

квалификации Лига Европа фудбал Хелсинки Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.