Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: фудбал
Први на терен ќе излезат тетовските „црвено-црни“ кои од 18 часот на стадионот „Младост“ во Струмица ќе бидат домаќини на молдавска Дачија. Од 20,30 часот во Сан Марино, дебармаалци ќе гостуваат на тимот на Тре Пене, а битолчани од 20,45 часот ќе се пресметаат со полски Лех во Познањ
Португалската фудбалска ѕвезда го напушти кампот на националниот тим по елиминацијата од Чиле (0:3 на пенали) на Купот на конфедерации во Русија и замина во посета на сурогат мајката и двата нови наследника. Радосната вест ја објави преку сввојот Фејсбук профил
Шкендија утре попладне (18 ч.) на стадионот „Младост“ во Струмица го игра првиот меч против Дачија од Молдавија во воведното квалификациско коло за Лига Европа. Реваншот е на 6 јули во Кишињев
Поранешниот селектор на Македонија беше предложен пред Собранието на клубот и едногласно прифатен од делегатите
„Фуријата“ во полуфиналето ја совлада Италија со 3:1, а младите „панцери“ го добија пенал рулетот против Англија со 4:3. Финалето е закажано во петок (20,45 ч.) на стадионот на Краковија во Краков
На денешната прес-конференција беа најавени амбициите на клубот за дебитантската сезона во македонската фудбалска елита, плановите за иднина, но и неколку новитети како „Горан Пандев Куп“ и „Горан Пандев камп“ што треба да тргнат од 2018 година и довршување на тренинг центарот во чии рамки ќе има и стадион за домашните мечеви
Италијанскиот репрезентативец се враќа во домашната фудбалска сцена од екипата на ПСЖ чиј член беше од 2011 година. Во 2016 година беше испратен на позајмица во Севилја, а оваа година и во Осасуна
Трговците со кожна галантерија и чевли одлучија да се повлечат поради незадоволство на навивачите. Клубот го презедоа во 2002 година како четвртолигаш, под банкрот и без можност за користење на името, но набрзо успеаја да го заменат привременото име Фиренца Виола со традиционалното
Поставената мисија за сезоната 2016/17 беше заокружена по триумфот (3:1) на домашен терен над Тенерифе во реванш баражот за пополнување на елитното шпанско фудбалско друштво чиј дел во сезоната 2017/18 ќе бидат и Леванте и Хирона. Во Сегунда се селат Спортинг Хихон, Осасуна и Гранада
Ова доаѓа по одлуката на Етичкиот комитет при Фудбалската федерација на Албанија што е образложена со „влијание на резултати што е во спротивност на спортската етика“. Клубот од Корча е казнет и со 14,800 евра и со минус 12 бода за сезоната 2016/17, а лани од УЕФА доби и едногодишна забрана за настап во европските фудбалски купови
Мексико ја совлада „зборнаја“ со 2:1 во директниот дуел за второто место во групата А, Португалија, пак, убедлива против Нов Зеланд со 4:0. Меѓу стрелците и Роналдо кој погоди по 60 пат во меѓународна средба од натпреварувачки карактер во репрезентативниот дрес
За репрезентацијата на Хрватска дебитира во 2002 година, а се повлече во март во 2016 година. За тоа време одигра 104 средби и постигна 20 гола. Смени неколку клупски средини во кои прослави вкупно 13 трофеи