Browsing: фудбал

Балканската пресметка во групата Б во Бидгошч заврши 2:2. Србија поведе со 1:0 со голот на Гачиновиќ во 24 минута, пресврт направија Барди од пенал во 64 и Ѓорѓев во 83, а конечниот исход што не одговара за двете репрезентации го постави Урош Ѓурѓевиќ

Балканската пресметка во групата Б е закажана за 18 часот во Бидгошч каде двата тима гледаат прилика за први голови и победа на турнирот по стартните порази од Шпанија, односно, Португалија. Пиринејските репрезентации, пак, од 20,45 часот во Гдиња ќе се судрат за првото место на табелата

Македонскиот фудбалски првак од денеска е во Бад Тацмандорф, утре напладне (12 ч.) ќе дознае против кого ќе игра во второто квалификациско коло за елитното натпреварување на УЕФА. На проба во екипата е бразилскиот напаѓач Матеус Лима Круз. Екипата ќе работи во некомплетен состав до приклучување на шесте младински репрезентативци на Македонија по настапите на ЕП 2017 во Полска

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија изрази гордост од своите избраници за начинот како ѝ парираа на Шпанија во две третини од средбата. Капитенот Бабунски, пак, посочува дека е присутно мало разочарување од резултат за што вели дека не е реален одраз на настаните на теренот особено во првото полувреме

Ефект каков што имаше офанзивниот играч за врска на мадридски Реал против Македонија во Гдиња во минатото забележаа и Гркот Арис Карасавиди против Холандија на ЕП 1988, Швеѓанецот Маркус Берг против Белорусија на ЕП 2009, Шпанецот Тиаго Алкантара против Италија на ЕП 2013 и Чехот Јан Климент против Србија на ЕП 2015

Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид погоди во 16 минута, во 54. и во 72., мрежата на Алексовски ја тресеа и Саул Нигез во 10. и Делофеу во 35. од пенал. „Црвено-жолтите“ покажаа заби, 24 пати се обидоа да постигнат првенец во дебитантското учество на ЕП, но не успеаја. Шанса за тоа ќе имаат во вторник (18 ч.) против Србија во Бидгошч

Полјаците поведоа уште во првата минута со голот на Патрик Липски, но крајот им припадна на нивните словачки врсници. Мартин Валент израмни на 1:1 во 20 минута, за резервистот Шафранко во 78 минута да погоди за пресврт и големи три бода

Италијанецот, под чие водство Албанците се пласираа на ЕП 2016, заминува по шестгодишен ангажман во Тирана. На разделба порача дека остава добар и формиран тим, но причини за одлуката за разделба не наведе