Browsing: фудбал

Англискиот репрезентативен голман е незадоволен од статусот во Сити, се нарече „вишок“ во тимот на Пеп Гвардиола, сезоната ја минува на позајмица кај Михајловиќ во Торино кој, пак, призна дека клубот не може да си дозволи негов трансфер од финансиски причини

Без голови заврши реваншот меѓу шпанскиот и италијанскиот клуб на „Камп Ноу“. „Бјанконерите“ продолжуваат натаму по убедливата победа во Торино со 3:0. Монако и во реваншот подобар од Борусија Д. со 3:1

Тетовци загубија во реваншот на домашен терен од Вардар со 0:1, но благодарение на триумфот со 3:1 во првата средба ќе играат за титулата по четврти пат како и битолчани. Двата тима досега имаат по една победа и два пораза

Баерн славеше во основниот дел од реваншот со 2:1 за продолженија во кои „кралскиот“ клуб постигна три гола и со 4:2 ја доби двочасовната фудбалска претстава на „Бернабеу“. Унгарскиот судија престрого го исклучи Видал во 84 минута и заедно со асистентите не видоа офсајд на Роналдо во 105 минута за израмнување на 2:2. Атлетико го елиминира Лестер

Гулит, според весникот „Де Телеграф“, котира највисоко за наследник на Дени Блинд кој доби отказ по поразот од Бугарија во квалификациите за СП 2018. Легендата на Милан својот последен тренерски ангажман го имаше во 2011 година во Терек Грозни

Лидерот во Чемпионшип дивизијата го совлада Виган и стигна до бројката од 92 бода, седум повеќе од тимот на Њукасл кој под водство на Рафаел Бенитез е пред експресен кам-бек во елитното клупско фудбалско друштво на Островот