Browsing: Италија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија погоди на „Марко Антонио Бентегоди“ во Верона за триумф на неговиот тим над истоимениот домаќин со 1:0 во последниот натпревар од 15. коло во Серија А

Поранешниот член на Реал Мадрид, на Милан, на Манчестер сити и краток период на Гвангжу Евергранде, а сега на Атлетико Минеиро, е прогласен за виновен за сексуален напад врз 22 годишна Албанка во дискотека во Милано во јануари во 2013 година

Тавекио го презеде раководењето со Федерацијата во 2014 година. Беше предложен како претседателски кандидат од првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, но поддржан и од Ањели од Јувентус, Галијани од Милан, Перкаси од Аталанта и Презиоси од Џенова. Неговиот мандат беше исполнет со разни скандали, но елиминацијата на „азурите“ од Шведска во бараж двомечот за СП 2018 беше причина да понесе одговорност и да се повлече од функцијата

За попладнево е закажан состанок меѓу Тавекио и Вентура што, според медиумите на Апенините, се очекува да резултира со прекинување на соработката. Покрај Анчелоти во игра за наследници на Вентура се и Роберто Манчини и Луиџи ди Бјаџо

За легендарниот италијански тренер ќе биде трагедија доколку националниот тим не успее до мундијалот во 2018 година. „Азурите“ вечерва (20,45 ч.) на „Сан Сиро“ се домаќини на Шведска во реванш баражот за завршниот турнир во Русија. Скандинавската селекција има 1:0 од првата средба во Стокхолм

Нокаут фазата за мундијалот во 2018 година вечерва (20.45 ч.) ја отвораат Хрватите и Грците на „Максимир“, односно, Северна Ирска и Швајцарија во Белфаст. Шведска утревечер (20.45 ч.) ќе биде домаќин на Италија, а Данска во сабота на Република Ирска