Browsing: Избори 2020

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе се обидат да обезбедазт парламентарно мнозинство за добивање на мандат од претседателот Стево Пендаровски за составување на новиот владин кабинет

Овие избори уште еднаш докажаа дека демократијата кај Албанците е безначајна идеја, зашто зборот „избори“ во албанскиот политички камп стана еквивалентен на зборот кражба, порачаа од Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива на вечерашниот „Марш за демократија“ во Скопје. Зијадин Села и Африм Гаши во обраќањето пред делегацијата на ЕУ упатија две барања до земјите – членки на ЕУ: да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците и да почне процесот на радикална реформа на Изборниот законик

Платформата на ДУИ се темели на пет столба – На изборите не се тркаме со повеќе од две листи; Партијата која ќе добие глас повеќе, зборува во име на Албанците во другите општини; Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратегиските линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор; Пратениците на партиите кои не победиле, не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006); Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии. Вечерва во 19 часот, Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе маршираат за демократија

Според конечните резултати што денеска ги објави претседателот на Државната Изборна Комисија (ДИК), Оливер Деркоски, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освоила 327.408 гласа, односно 35,89 отсто, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 315.344 гласови или 34,57 отсто .Партијата ДУИ освоила 104.699 гласови или 11,48 отсто, коалиција АА/А освоила 80.000 гласови или 8 отсто, „Левица“ – 37.426 гласови или 4,1 отсто и ДПА – 13.930 гласови или 1.53 отсто

Првото и најверојатно е коалиција меѓу СДСМ/Беса и ДУИ, второто се однесува на коалиција меѓу СДСМ/Беса со Алијанса на Албанците и Алтернатива плус Левица и третото и најмалку веројатно е коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица и ДПА, е вели во анализата на турската новинска агенција

Неопходноста од промени и обединување во ВМРО-ДПМНЕ, Тодоров ја изрази преку колумна во „Дојче Веле“ додека поранешниот прв човек на УБК се јави со реакција на социјалните мрежи. Пораки во тој контекст вчера испорачаа и Никола Попоски и Даниела Рангелова

Со дознака „донација за изборна кампања“ на сметката на СДСМ „легнале“ вкупно околу 231.000 евра, ВМРО-ДПМНЕ имала донации од 538.000 евра, ДУИ – 74.000 евра, а ДПА – 16.700 евра, покажуваат партиските извештаи што ги објави Државниот Завод за ревизија

Партијата што обезбеди два мандата во новиот собраниски состав, меѓу другото, е за укинување на Охридскиот рамковен договор, поништување на Договорите со Грција и со Бугарија, признавање на независноста на Палестина, на Каталонија и на Баскија и отповикување на признавањата на Косово, на Израел и на Јужна Кореја

Расте нервозата поради изборните резултати, кои не навестуваат лесно обезбедување мнозинство за формирање на новата Влада. Партиите го поминуваат времето во обвинувања