Browsing: Копа Америка

Аргентинската фудбалска ѕвезда може да поднесе жалба во рок од седум дена за одлуката што значи негово отсуство од националниот тим за мечевите на „гаучосите“ против Чиле, против Мексико и против Германија во септември и во октомври

По пауза од 12 години, Бразилците успеаја до континенталниот трофеј по победата над Перу со 3:1 во финалето на култната „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Стрелци за бразилската селекција беа Евертон во 15. минута, Габриел Жезус во екстра времето на првиот дел и Ришарлисон од пенал во 90. минута. Почесниот за цврстите Перуанци беше дело на Гвереро од белата точка во 44. минута

Стрелци за „кариоките“ во полуфиналето во Бело Хоризонте беа Габриел Жезус во 19. минута и Фирмињо во 71. минута. Бразилците ќе играат за титула против подобриот од мечот Чиле – Перу кој ќе се одигра ноќеска. Финалето е на 8 јули на „Маракана“ во Рио де Жанеиро

Бранителот на титулата во првото коло ја декласира подмладената селекција на „самураите“ со 4:0. Напаѓачот на мексикански Тигрес со два гола стана најдобар чилеански стрелец на Копа Америка и го потисна Марсело Салас на вечната листа на „Ла Риоха“. Вечерва почнува второто коло на турнирот со дуелите во групата А во кои ќе играат Боливија – Перу (23.30 ч.) и Венецуела – Бразил (02.30 ч.)