Browsing: Коронавирус

Во карантин се деца од ОУ „Владо Тасевски“, од ОУ „Братство“ и ОУ „Јан Амос Коменски“, потврди градоначалникот на Карпош бидејќи нивни родители, кои работат на Клиниката за дерматологија, биле на симпозиумот што се одржал во саботата на кој присуствувала и заразената директорка од Клиниката, Нина Цаца Билјановска

По пријава на хотелот во кој престојувале, епидемиолози од Центарот за јавно здравје Скопје од двете лица претпладнево земаа брисеви за тестирање во нивната хотелска соба во која гостите останаа до добивање на резултатите. Попладнево ќе бидат упатени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за третман соодветен на дијагнозата

Двајцата странци, според минитерот за здравство, допатувале во Скопје на 28 февруари со летот на „Визер“ од Келн и отседнале во хотел во центарот на градот. Хотелскиот персонал ги алармирал надлежните за нивните симптоми и медицински екипи веднаш ги посетиле и земале брисеви чии резултати се очекуваат во текот на денот

Тој информира дека во изминатото деноноќие нема нови пациенти кои се тестирани за коронавирусот. Потсети дека вчера на Клиниката за инфективни болести се јавиле тројца пациенти, двајца патници од Италија и еден од Шпанија, кој престојувал во тамошни болнички установи за друга здравствена причина