Димовски од ССМ: Кривична одговорност за работодавачи кои не исплатиле државна помош

Ваквиот негов став доаѓа на ден по откривањето од Сања Лукаревска, директорка на Управата за Јавни Приходи (УЈП), дека околу 700 фирми аплицирале и добиле финансиска поддршка од државата за исплата на плати за месеците април и мај, но не трансферирале дел од парите на своите вработени

Ковид биланс: Шест починати лица, 128 нови пациенти и 137 излекувани

Во изминатото деноноќие, како што истакнуваат од Министерството за здравство, се направени 1.025 тестирања спо позитивни резултати кај 52 лица во Скопје, 29 во Штип, 13 во Гостивар, 10 во Кавадарци, по шест во Куманово и во Тетово, три во Македонски Брод, по две во Прилеп, во Битола и во Виница и по едно лице во Кочани, во Пробиштип и во Свети Николе

Полицискиот синдикат бара итен скрининг на Ковид-19 на полициските службеници

Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) бара неодложно обезбедување на бесплатни тестови за Ковид-19 за скрининг на полициските службеници, идентификување на асимптоматските случаи и мапирање на...

„Си-Ен-Ен“: Ковид-19 трајно ќе ја промени светската економија

Многу економии за време на пандемијата усвоија верзии за работа со скратено работно време. Како резултат на тоа, работниците остануваат вработени и платени, а владата го компензира недостатокот на плати. Работата на далечина ќе стане почеста и постојат докази дека работењето од дома е исто толку продуктивно како и работењето во канцеларија

Без смртен случај, 152 нови пациенти и 70 оздравени во изминатите 24 часа

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатото деноноќие се направени 1.077 тестирања со позитивни наоди кај 39 лица во Скопје, 20 во Куманово, 15 во Гостивар, 14 воШтип, 13 во Струга, девет во Тетови, осум во Дебар, по пет во Битола и во Кавадарци,  четири во Струмица, по три во Охрид, во Гевгелија и во Делчево, по две во Демир Хисар, во Кичево и во Македонски Брод и по едно лице во Прилеп, во Радовиш, во Кочани, во Кратово и во Свети Николе

Шведски лекари и научници: Не одете по нашиот модел против Ковид кој е пример како не треба

Шведскиот „мек“ модел за борба против коронавирусот постојано е предмет на жестоки дискусии, а посебно идејата за „имунитет на стадо“. Група шведски научници сега предупредува: „Не го следете овој модел, не функционира“

Се огласи Филипче: Шест починати, 129 нови случаи и 109 оздравени пациенти

Во последните 24 часа, како што објави министерот за здравство на Фејсбук профилот во услови на хакиран сајт на ресорното министерство, се направени 1.535 тестирања со позитивни резулати кај 45 лица во Скопје, 25 во Штип, по девет во Тетово и во Гостивар, седум во Куманово, по шест во Битола и во Кичево, пет во Струга, четири во Прилеп, по три во Охрид, во Кочани и во Свети Николе и по едно лице во Дебар, во Кавадарци, во Демир Хисар и во Делчево