„Си-Ен-Ен“: Ковид-19 трајно ќе ја промени светската економија

Многу економии за време на пандемијата усвоија верзии за работа со скратено работно време. Како резултат на тоа, работниците остануваат вработени и платени, а владата го компензира недостатокот на плати. Работата на далечина ќе стане почеста и постојат докази дека работењето од дома е исто толку продуктивно како и работењето во канцеларија

Без смртен случај, 152 нови пациенти и 70 оздравени во изминатите 24 часа

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатото деноноќие се направени 1.077 тестирања со позитивни наоди кај 39 лица во Скопје, 20 во Куманово, 15 во Гостивар, 14 воШтип, 13 во Струга, девет во Тетови, осум во Дебар, по пет во Битола и во Кавадарци,  четири во Струмица, по три во Охрид, во Гевгелија и во Делчево, по две во Демир Хисар, во Кичево и во Македонски Брод и по едно лице во Прилеп, во Радовиш, во Кочани, во Кратово и во Свети Николе

Шведски лекари и научници: Не одете по нашиот модел против Ковид кој е пример како не треба

Шведскиот „мек“ модел за борба против коронавирусот постојано е предмет на жестоки дискусии, а посебно идејата за „имунитет на стадо“. Група шведски научници сега предупредува: „Не го следете овој модел, не функционира“

Се огласи Филипче: Шест починати, 129 нови случаи и 109 оздравени пациенти

Во последните 24 часа, како што објави министерот за здравство на Фејсбук профилот во услови на хакиран сајт на ресорното министерство, се направени 1.535 тестирања со позитивни резулати кај 45 лица во Скопје, 25 во Штип, по девет во Тетово и во Гостивар, седум во Куманово, по шест во Битола и во Кичево, пет во Струга, четири во Прилеп, по три во Охрид, во Кочани и во Свети Николе и по едно лице во Дебар, во Кавадарци, во Демир Хисар и во Делчево

Тројца починати пациенти, 123 нови случаи и 74 оздравени лица од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во изминатото деноноќие се направени 1.312 тестирања со позитивни наоди кај 54 лица во Скопје, 18 во Штип, 16 во Гостивар, шест во Струга, по пет во Куманово и во Тетово, по четири во Дебар и во Кичево, три во Охрид, по две во Свети Николе и во Битола и по едно лице во Прилеп, во Крушево, во Демир Хисар и во Ресен

Двоцифрен број смртни случаи, трицифрен на заболени: Десет лица починаа, 137 нови случаи

Oд Министерството за здравство истакнуваат дека во изминатото деноноќие се направени 1.437 тестирања со позитивни резултати кај 64 лица во Скопје, 19 во Штип, 14 во Струга, по седум во Куманово и во Тетово, шест во Гостивар, пет во Охрид, четири во Кичево, три во Свети Николе, по две во Битола и во Радовиш и по едно лице во Прилеп, во Велес, во Крушево и во Демир Хисар

Се забрзува трката по вакцина против коронавирус

Научници ширум светот се во потрага по вакцина против коронавирус. На листата на Светската Здравствена Организација (СЗО) се 160 потенцијални вакцини. Кој ќе победи во трката, уште е неизвесно. Три тима веќе започнаа опсежни, завршни студии