Browsing: квалификации

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) делегираше судиски колегиум од Островот на чело со Џон Битон од Мадервел чиј работен век е поврзан со новинарството пред да стане дел од секторот за односи со јавност во полицијата во Стратклајд (околина на Глазгов). Моментно работи во секторот за односи со јавност на Универзитетот во Стратклајд. Дуелот меѓу данскиот и македонскиот првак е утревечер (20 ч.) на стадионот „Паркен“

Половина од десетте клуба колку што преостанаа во двете натпреварувања на УЕФА славеа во првите мечеви. Со предност на гости ќе патуваат Вардар, Црвена звезда, Динамо, Марибор, а Осиек се врати со голем триумф од Холандија. Риека и Хајдук ремизираа кај Салцбург, односно, Брондби, додека Шкендија, Партизан и Домжале загубија меѓутоа тетовци и покрај поразот од Тракаи, сепак, со имаат најголеми шанси за пласман во наредната рунда

„Росонерите“ ја совладаа Крајова со 1:0 во првиот меч од третото квалификациско коло за Лига Европа, но и прв официјален меѓународен за тимот од „Сан Сиро“ по 2014 година. Со ист резултат, пак, четвртопласираната екипи во хрватското првенство за минатата сезона го порази тимот од Ајндховен на неговата „Филипс арена“

Тракаи славеше со 2:1 во првиот меч од третото коло што македонскиот вицепрвак го заврши со две исклучувања. Директен црвен картон во 57 минута доби Стенио Жуниор, стрелец на единствениот погодок за тетовци во Вилнус, а пет минути подоцна по вторпат во бележникот на судијата од Северна Ирска влезе и Ардијан Цуцули. Двата гола за домашните беа дело на Максим Максимов во првата минута и во 52. Реваншот е во четврток на „Младост“ во Струмица од 17 часот

Македонскиот репрезентативец додаде за водство во 30 минута што хрватскиот претставник не успеа да го сочува во продолжение на средбата. Словенечкиот првак, пак, ќе патува на реванш на Исланд со предност од еден гол по победата на домашен терен над Хафнарфјордур со 1:0

Првиот меч од македонско-данската пресметка во Лигата на шампиони е вечерва (20 ч.) на „Телеком арена“ во Скопје. „Црвено-црните“ посакуваат реприза на второто полувреме од реваншот со Малме како рецепт за добар резултат пред гостувањето на „Паркен“ наредната недела

Кобен за турскиот гигант беше тимот на Естерсунд кој по триумфот во Шведска со 2:0 одигра 1:1 во реваншот во Истанбул. Фола Еш, пак, го шокира поранешниот клуб на Ванче Шиков во Азербејџан со убедива победа (4:1) во возвратниот дуел. Шкендија во третото коло на мегдан со Тракаи. Првиот меч е на 27 јули во Литванија

„Црвено-црните“ одиграа 1:1 во финската престолнина и благодарение на победата со 3:1 во првиот меч во Струмица си обезбедија најмалку уште еден двомеч со подобриот меѓу Норчепинг и Тракаи. Домашните поведоа со автоголот на Радески, израмни Челиковиќ во 71 минута за нов голем успех на македонскиот вицепрвак на европската сцена

Реваншот меѓу финскиот претставник и македонскиот вицепрвак на стадионот „Сонера“ е со почеток од 18 часот. Тетовци имаат 3:1 од првата средба во Струмица и доколку минат во третото коло ќе играат со подобриот од двомечот меѓу шведски Норчепинг и Тракаи од Литванија