ЛЕ: Перница го „задуши“ Динамо З., Спортинг со Ристовски поразен од Вилјареал

Со двата гола на чешкиот фудбалер, екипата на Викторија ги совлада „модрите“ со Аријан Адеми со 2:1 во првиот шеснаесетфинален меч во ЛЕ, тимот од Лисабон, пак, загуби на домашен терен од Вилјареал со 0:1. Реваншите се закажани за 21 февруари

Лига Европа: Салцбург, Ајнтрахт и Челзи без пораз, Милан и Глазгов Р. без пролет

Олимпијакос ги совлада „росонерите“ во Пиреја со 3:1 и ги исфрли од меѓународната сцена, Рапид, пак, во Виена ги порази „ренџерси“ на Стивен Џерард кои, исто така, на пролет ќе бидат фоклусирани само на настапи во шкотската Премиерлига

Лига Европа: Челзи го наполни ПАОК, Тричковски стрелец за АЕК Ларнака

„Сините“ на „Стемфорд Бриџ“ го совладаа ПАОК со 4:0 со два гола на Ширу и по еден на Хадсон Одои и Мората, крилниот напаѓач на македонската репрезентација погоди во триумфот над Цирих со 2:1 за прва радост на кипарскиот претставник во групната фаза

ЛЕ: Динамо З. на Адеми ќе презими во Европа по 48 години

„Модрите“ ја забележаа и третата победа во третиот меч во групната фаза во Лига Европа, овојпат над Спартак во Трнава со 2:1, и за првпат по 1970 година ќе презимат во УЕФА натпреварување. Триумф на гости славеше и Бобан Николов со Види МОЛ над ПАОК (2:0). АЕК Ларнака на Иван Тричковски и Фенербахче со Елмас ремизираа со Лудогорец, односнно, Андерлехт додека Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски загуби од Арсенал со 0:1 

ЛЕ: Победи на Адеми, Елмас, пораз на Николов, Тричковски стрелец

Динамо Загреб славеше кај Андерлехт со 2:0 како и Фенербахче на домашен терен против Спартак Трнава. Челзи го совлада Види МОЛ на „Стемфорд Бриџ“ со 1:0, Баер Леверкузен подобар од АЕК Ларнака со 4:2. Единствен од македонските репрезентативци што остана без минутажа во денешните клупски настапи во Лига Европа беше Стефан Ристовски чиј Спортинг Лисабон триумфира над украинска Ворскла во Полтава со 2:1

Промашија два пенала, па примија два гола: Шкендија без к’смет за ЛЕ

Розенборг славеше со 2:0 и на арената „Филип Втори“ со головите на Ховланд во 67. минута и на Региниусен во 84. минута, откако Бесарт Ибраими во 20. минута и Изаир Емини во 49. минута не успеаја да го совладаат гостинскиот голман