Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Лига Европа
Македонскиот фудбалски вицешампион по повеќе од двочасовен чартер лет од скопскиот аеродром „Александар Велики“ се спушти на „Малпенса“ и со нетрпение ќе одбројува до претстојниот настап на „Сан Сиро“ против италијанскиот и европски гигант Милан во плеј-офот за Лига Европа (ЛЕ)
Реванш мечот меѓу италијанскиот и романскиот тим на „Сан Сиро“ го следеа 65,763 гледачи што е за 573 повеќе публика од дуелот на Борусија и Волфсбург пред две години во Дортмунд
Потешко, но и поатрактивно не можеше за двата „црвено-црни“ претставника. И шампионот и вицешампионот се домаќини на првите средби на 17 август, реваншите се закажани седум дена подоцна
По минималниот триумф на „Филипс арена“ пред седум дена, хрватскиот состав го совлада холандскиот гигант од Андховен и во реваншот на домашен терен со 1:0. Словенечкиот состав, пак, го елиминира бундеслигашот по триумфот на домашен терен со 2:0
Тетовци попладнево во Струмица го совладаа Тракаи со убедливи 3:0 и се придружија на Вардар во утрешната ждрепка за последното скалило во второто по ранг европско клупско фудбалско натпреварување
Тетовци попладнево (17 ч.) во Струмица го играат реваншот против литванскиот ривал кој во Македонија допатува со триумф од 2:1 од првата средба во Вилнус
Половина од десетте клуба колку што преостанаа во двете натпреварувања на УЕФА славеа во првите мечеви. Со предност на гости ќе патуваат Вардар, Црвена звезда, Динамо, Марибор, а Осиек се врати со голем триумф од Холандија. Риека и Хајдук ремизираа кај Салцбург, односно, Брондби, додека Шкендија, Партизан и Домжале загубија меѓутоа тетовци и покрај поразот од Тракаи, сепак, со имаат најголеми шанси за пласман во наредната рунда
„Росонерите“ ја совладаа Крајова со 1:0 во првиот меч од третото квалификациско коло за Лига Европа, но и прв официјален меѓународен за тимот од „Сан Сиро“ по 2014 година. Со ист резултат, пак, четвртопласираната екипи во хрватското првенство за минатата сезона го порази тимот од Ајндховен на неговата „Филипс арена“
Тракаи славеше со 2:1 во првиот меч од третото коло што македонскиот вицепрвак го заврши со две исклучувања. Директен црвен картон во 57 минута доби Стенио Жуниор, стрелец на единствениот погодок за тетовци во Вилнус, а пет минути подоцна по вторпат во бележникот на судијата од Северна Ирска влезе и Ардијан Цуцули. Двата гола за домашните беа дело на Максим Максимов во првата минута и во 52. Реваншот е во четврток на „Младост“ во Струмица од 17 часот
Тетовци, попладнево (18,30 ч.) на стадионот „ЛФФ“ во Вилнус, му гостуваат на литванскиот претставник во првиот натпревар од двомечот за плеј-оф во УЕФА Европа лигата
Кобен за турскиот гигант беше тимот на Естерсунд кој по триумфот во Шведска со 2:0 одигра 1:1 во реваншот во Истанбул. Фола Еш, пак, го шокира поранешниот клуб на Ванче Шиков во Азербејџан со убедива победа (4:1) во возвратниот дуел. Шкендија во третото коло на мегдан со Тракаи. Првиот меч е на 27 јули во Литванија
„Црвено-црните“ одиграа 1:1 во финската престолнина и благодарение на победата со 3:1 во првиот меч во Струмица си обезбедија најмалку уште еден двомеч со подобриот меѓу Норчепинг и Тракаи. Домашните поведоа со автоголот на Радески, израмни Челиковиќ во 71 минута за нов голем успех на македонскиот вицепрвак на европската сцена