Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Лига на нации
Светскиот шампион од мундијалот во Бразил во 2014 година е елиминиран од борбата за титула во Лига на нации, новоформирано натпреварување на УЕФА, откако стана извесно дека ќе заврши како последен во групата по триумфот на Холандија над Франција
Фудбалската репрезентација вечерва во Вадуц го совлада Лихтенштајн со 2:0 и остана на плус три од Ерменија во пресрет на мечевите од последното коло во групната фаза. Трите бода на „Реин парк“ беа заверени во второто полувреме. Енис Барди во 53. минута го претвори во гол слободниот удар што го изнуди Горан Пандев, Илија Несторовски, по асистенција на Александар Трајковски, стави печат на четвтриот триумф во циклусот
Селекторот го објави списокот за завршните настапи во Лига на нации на УЕФА. Во него, за првпат во циклусот, се најдоа голманот на Арсенал, Дејан Илиев и напаѓачот на Сараево, Крсте Велкоски
„Под команда“ на селекторот Игор Ангеловски се стави и Стефан Ристовски за комплетирање на националниот тим, но не и Иван Тричковски од АЕК Ларнака кој ќе мора да паузира во наредните десетина денови поради истегнување на бутниот мускул. Саботниот мечл на арената „Филип Втори“ е со почеток во 20.45 часот, влезниците се продаваат по цена од 150 денари за северната трибина и 100 денари за јужната
Генералниот секретар Филип Поповски се задолжи за отпочнување на активности во насока на подготовка на измени и дополнувања на статутот на ФФ
Македонија ја совлада Ерменија со 2:0 во второто коло од четвртата група во Д Лигата на нации на УЕФА за осамнување на лидерската позиција на табелата. Алиоски во 14. минута од пенал и капитенот во 59. минута беа стрелци за нова победа на „црвено-жолтите“ без примен гол во УЕФА Лигата на нации. Мечевите продолжуваат на средина на наредниот месец. На 13 октомври ё(20.45 ч.) во Скопје ќе гостува Лихтенштајн, три дена подоцна (16 октомври, 18 ч.) е закажан реваншот со Ерменците
Домашната селекција поведе во 11 минута со погодокот на Маркус Рашфорд, две минути подоцна израмни Саул, а во 32. минута погоди и Родриго по асистенција на Алкантара. Исланд декласиран во Сент Гален, Луксембург со најубедлива победа на домашен терен во историјата
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија изрази задоволство од триумфот над Гибралтар, капитенот Пандев со забелешки на условите за игра на стадионот „Викторија“, на слабите луксеви на рефлекторите и на вештачката подлога што ја оцени како лоша
„Црвено-жолтите“ се оправдаа како фаворити и рутински го совладаа Гибралтар со 2:0 во воведниот меч во групата 4 во Д конкуренцијата. Победникот на стадионот „Викторија“ беше решен уште во првото полувреме со головите на Иван Тричковски во 19-та минута и на Езџан Алиоски во 35-та минута. Во недела (18 ч.) во Скопје ќе гостува селекцијата на Ерменија во второто коло во групата 4 од Д конкуренцијата
Во проектот ќе учествуваат сите 55 нејзини членки. Тие ќе бидат поделени во четири квалитативни лиги (А, Б, Ц, Д). Проектот треба да биде замена за пријателските средби, но ќе има и натпреварувачко значење бидејќи преку него се планирани четири места на ЕП 2020