Browsing: Лига на шампиони

Германскиот менаџер на „црвените“ со пофални зборови за Мохамед Салах, за ефектот против „волчицата“, за фантастичната форма во која игра. Притоа изрази уверување дека неговиот тим може да слави над Рома и на „Олимпико“

Римјаните не губат верба дека можат повторно да анулираат три гола негатива како во случајот со Барселона и да се пласираат во финалето на фудбалската Лига на шампиони и покрај убедливиот триумф на Ливерпул со 5:2

Мо Салах учествуваше со два гола и исто толку асистенции во триумфот на „црвените“ над „волчицата“ со 5:2 во првиот полуфинален меч во шампионската Лига на УЕФА, два постигна и Фирмињо и еден Мане. Дебаклот на римјаните го ублажија Џеко и Пероти во финишот на средбата. Во второто полуфинале во ЛШ вечерва (20.45 ч.) на „Алијанц арена“ ќе играат Баерн Минхен и Реал Мадрид

Германскиот менаџер на клупата на Ливерпул не сфатил сериозно кога му кажале за конечниот исход на натпреварот во Рим и сензационалниот триумф на Рома со 3:0 за историско полуфинале на „волчицата“ во Лигата на шампиони

Римјаните ги нокаутираа вечерва непрепознатливите гости од Каталонија со 3:0 за историско полуфинале во елитното фудбалско друштво на УЕФА, Ливерпул подобар од Манчестер сити и во реваншот на „Етихад“ со 2:1 со пресврт во второто полувреме

Португалецот ја пресече „старата дама“ со „ножички“ во 64. минута, момент за кој беше награден со аплауз од трибините на „Јуве арена“, патем го постигна и првиот гол и асистира за третиот во блескавата партија на „кралевите“ кои славеа со 3:0 и уште од сега може да се прогласат за полуфиналисти во натпреварувањето

Почнувајќи од наредната сезона, тренерите ќе имаат право да направат и четврта замена, но само во случај на продолженија, а финалистите ќе може да имаат до 12 резервни играчи што, на пример, е случај во Италија, пресметките во ЛШ и во ЛЕ од септември ќе почнуваат во 18,55 часот и во 21 часот, а клубовите во зимскиот преоден рок ќе добијат дозвола за промена до тројца фудбалери без никакви рестрикции

Шпанскиот состав од Андалузија ги елиминира „црвените ѓаволи“ на Жозе Мурињо по вечерашниот триумф на „Олд Трафорд“ со 2:1, Рома, пак, успеа да ја надополни негативата во однос на Украинците од првата средба во Харков

Дуелот на „Рамон Санчез Пискуан“ е единствен што заврши без голови во првиот круг осминафинални судири во елитното натпреварување на УЕФА, украинскиот состав со два гола во вториот дел ја совлада „волчицата“ со 2:1