Browsing: Лига на шампиони

Шпанскиот репрезентативец, преведено со ракометен речник, ги „спушти ролетните“ за својот поранешен клуб и со своите интервенции беше двигател на „црвено-црните“ во полуфиналето на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони во Келн

Финалето меѓу бранителот на трофејот од Шпанија и италијанскиот првак кого го нарекуваат „дежурен губитник“ поради четирите порази во мечевите за титулата е вечерва (20,45 ч.) на стадионот „Милениум“ во Кардиф

Македонскиот машки ракометен првак со двајца претставници меѓу десетте што оставија најсилен впечаток во елитното ракометно натпреварување на ЕХФ. Црвено-црните утре попладне од 18 часот против Барселона во полуфиналето на Фајналфор турнирот во Келн

Експедицијата на шпанскиот и европски гигант заедно со Кире Лазаров и Борко Ристовски, како дел од неа, вечерва се чекираше од пред хотелот „Радисон“ во кој ќе бидат сместени и останатите три екипи – Вардар, Веспрем и ПСЖ

Одлуката ја донесе Фудбалската асоцијација на Велс (ФАВ) од сигурносни причини и во координација со безбедносните власти по самоубиствениот бомбашки напад во понеделникот во Манчестер пришто загинаа 22 лица

Францускиот репрезентативец за кого е заинтересирана пола Европа дава предност на италијанскиот првак во мечот за титулата на 3 јуни во Кардиф. Неговиот Атлетико во полуфиналето беше елиминиран од Реал Мадрид

За титулата во елитното натпреварување во Кардиф на 3 јуни играат Реал Мадрид и Јувентус, девет дена претходно во Стокхолм ќе се пресметаат Манчестер Ј. и Ајакс во вториот европски фудбалски ранг. Победниците од двата меча ќе се судрат на 8 август во Скопје за трофејот во континенталниот Суперкуп

Атлетико вечерва славеше на „Висенте Калдерон“ со 2:1, но „кралскиот“ клуб ќе истрча на „Милениум“ во Кардиф на 3 јуни на мегдан со италијанскиот првак благодарение на убедливиот триумф со 3:0 на првата средба

Унгарскиот првак го совлада македонскиот со 31:30 во финалето на Фајналфор турнирот во Будимпешта. Победникот во „Ласло Пап“ арената беше познат по две продолженија, откако основниот час игра заврши 26:26. Гербиц со седум гола и Мерк со шест колку што постигнаа и Алтхаус и Лакрабер на спротивната страна беа најефикасни на средбата