Барселона е првиот учесник на Фајналфор турнирот во ракометната Лига на шампиони за оваа сезона што пристигна во Келн. Експедицијата на шпанскиот и европски гигант заедно со Кире Лазаров и Борко Ристовски, како дел од неа, вечерва се чекираше од пред хотелот „Радисон“ во кој ќе бидат сместени и останатите три екипи – Вардар, Веспрем и ПСЖ.

Вардар најави дека за Келн ќе патува утре (четврток) и ќе има два дена за аклиматизација и последни подготовки пред дебитантскиот настап на завршнте турнири во елитното клупско ракометно натпреварување на стариот континент.

Полуфиналните дуели во „Ланксес арена“ во Келн се закажани за сабота (3 јуни). Во првиот од 15,15 часот ќе играат Веспрем и ПСЖ, а од 18 часот на мегдан ќе излезат Вардар и Барселона.