Browsing: Луис Хамилтон

Британскиот пилот во болидот на Мерцедес ја расипа планираната забава на Ферари и триумфира во ГН на Италија. Второто место го освои Кими Раиконен, на подиумот се искаќи и Валтери Ботас. Наредната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози за ГН на Сингапур на 16 септември

Директорот на Мерцедес, Тото Волф ќе бара одговори за лоцирање на „најслаба клупска алка“ во трката за ГН на Австралија, прва трка од шампионатот во новата сезона, и за причините што го чинеа Луис Хамилтон да ја загуби водечката позиција на „Мелбурн парк“

Британецот имаше судир со Фетел во раната фаза од трката за ГН на Мексико, мораше рано во бокс, на крајот заврши како деветти што, сепак, беше доволно за четврта шампионска титула во кариерата колку што освои и Алан Прост. Победата на автодромот „Браќа Родригез“ крај Мексико Сити ја однесе Макс Ферстапен (1:36,26,552 часа), втор беше Валтери Ботас (+19,678 сек.), трет низ целта мина Кими Раиконен (+54,007 сек.). Германецот Себастијан Фетел, кој тргна од пол-позицијата, заврши како четврти (+70,078 сек.).  

Британскиот пилот на Мерцедес триумфира за Големата награда на Сингапур со време од 2:03:23,544 часа за голем исчекор кон преземање на тронот од Нико Розберг. Второто место го освои Австралиецот Даниел Рикардо, трет беше Валтери Ботас. Кими Раиконен и Себастијан Фетел останаа без пласман по колизијата со Макс Ферстапен на стартот

По вчерашната пол-позиција, 69 во кариерата, британскиот возач на Мекларен го комплетира успешниот викенд во Италија со денешниот триумф на патеката во Монца и го симна Себастијан Фетел од првото место во генералниот пласман. Второто место го освои Валтери Ботас, како трет заврши Себастијан Фетел. До крај на сезоната остануваат уште седум трки. Првата наредна е за ГН на Малезија на 17 септември

Британецот, попладнево на патеката „Спа Франкошампс“, ја обезбеди 68. во кариерата колку што имаше и германскиот пилот пред стравичната несреќа што ја доживеа за време на скијање во Мерибел, рисорт на француските Алпи. Трката за ГН на Белгија е утре од 14 часот

Британецот по петти пат славеше на британското гранпри, вкупно 57. пат во кариерата, за израмнување на рекордот на Алан Прост во Ф1 трките на Островот. Фетел поради проблеми со пневматици заврпи како седми и остана лидер во генералниот пласман со само бод повеќе од ривалот од Мерцедес. Второто место го освои Ботас, трет беше Раиконен. Наредната трка ќе се вози на 30 јули на патеката „Хунгароринг“ за ГН на Унгарија

Британецот го извозе најбрзиот круг (1:26,600 инути) во квалификациите за утрешното гранпри и се доближи на само еден старт од првото место до Михаел Шумахер (Германецот поведе 68 трки во Формула 1 шампионатите). Трката за ГН на В. Британија е утре со почеток во 14 часот

Британецот од Мерцедес беше најбрз на патеката „Жак Вилнев“ во Монтреал со време од 1:33:05,154 часа оставајќи ги зад себе тимскиот колега Валтери Ботас (+19,783 сек.) и Даниел Рикардо од Ред Бул (+35,297 сек.). Фетел заврши на четвртото место, Алонсо се откажа на два круга до крајот. Наредната трка се вози на 25 јуни за ГН на Азербејџан