Browsing: Македонија

Претседателот на СДСМ испрати порака и до европските граѓани, до нивните лидери, како и до Европската комисија која, како што рече, веќе ја заврши работата, да го исполнат своето ветување и повтори дека земјава не очекува веднаш членство, туку одлука за добивање датум за почеток на преговорите и отворање на претпристапните поглавја

Северна Македонија остварила значаен напредок во сите области и се препорачува на Советот на министри да донесе позитивна одлука за земјата во однос на датумот за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, се оценува во Извештајот на Европската комисија до кој дојде дописничката на МИА од Брисел. Извештајот треба да се објави најрано денес, а најдоцна до крајот на оваа недела

Македонскиот шеф на дипломатијата во интервју за грчкиот весник истакна дека е неправедно кон гласачите да велиме дека Договорот од Преспа треба да се поништи, а зад затворени врати да велиме на странските соговорници дека тој е реалност што треба да ја прифатиме

Македонската државјанка чиј тест за болеста беше позитивен е во добра општа состојба, нема температура и веќе влегува во фаза на оздравување, порача министерот за здравство, Венко Филипче

Германскиот амбасадор Томас Герберих во интервју за „Слободен печат“ изрази надеж дека изборната кампања ќе има содржини, а не само меѓусебни партиски обвинувања и додава не би ја нарекол валкана, туку премалку ориентирана кон суштината

Северна Македонија и Албанија можат да ги отворат преговорите со ЕУ за неколку недели, изјави комесарот за проширување Оливер Вархеји кој воедно најавува дека двете земји ќе добијат позитивен извештај од ЕК

Европскиот суд за човекови права оцени дека Северна Македонија не го заштитила имотот на лицата кои не сакале да ја подмират фиксната сметка за топлинска енергија на исклучените станови од мрежата за централно греење, откако оцени дека во случајот имало прекршување на членот 1 од Протоколот 1 на Европската конвенција за човекови права