Browsing: Македонија

Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП), постапувајќи по предметите за процесот на лустрација, досега има донесено шест пресуди против Северна Македонија, а во меѓувреме постапува и по предметите за Владимир Милчин, Кирил Псалтиров и Николче Бабовски

Сумата во однос на 2017 година, според публикацијата на УЕФА, е намалена за четири отсто, а разликата е драстична во однос на расходите за плати во земјите со кои се водат битки на зелениот терен на клупски и на репрезентативен план.

Ако сме фер, сметам дека и Северна Македонија и Албанија треба да започнат преговори за членство во Европската Унија, но притоа да следат различни патеки, затоа што секој треба да биде оценуван според сопствените успеси

Судејќи според првичните реакции од партиите, поверојатно е дека никој нема да брза и да „крши нозе“ за носење на законот за јавно обвинителство до распуштање на Собранието како што побара еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји при вчерашната посета на Скопје

Европското ракометно првенство влегува во втора фаза. Денеска започнуваат решавачките пресметки за местата на што водат до распределбата на медали. Македонската репрезентација ги заврши настапите на континенталниот турнир по само три одиграни меча и рано се врати дома. За причините за елиминацијата и анализа на играта на „црвено-жолтите“, разговараме со ракометниот тренер Стојан Петрушевски кој во Студио на Нова ТВ од стручен агол образложува зошто настапите во „Винер Штадхале“ беа под нивото на кое се навикнавме од претходните години.

Високиот гостин од Брисел подвлече дека мора да се работи врз основа на проценката дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за почеток на преговори. За новата методологија за пристап, рече дека мора да биде сигурна и попредвидлива, малку пополитичка и објективна, но и со поголема динамика

Во подготовка е нов предлот Закон за употреба на македонскиот јазик. Претседателот на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов, вели дека всушност се работи за нов закон кој сосема поинаку и суштински ја разгледува употребата на македонскиот стандарден јазик во нашата држава, но и надвор од неа

Како приоритет на реформски план, Верхеји го истакна  донесување на нов закон за јавно обвинителство. Очекуваме, рече тој, законот да биде донесен од овој парламент, пред изборите во април. Вархеји, вели дека Европската комисија останува на оценката дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за почеток на пристапните преговори

Актуелните состојби во Република Северна Македонија, како и аспирациите на земјата за членство во Европската Унија бea теми на разговор на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со комесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји кој допатува во еднодневна посета на Скопје

Победа на „стаклени нозе“ против Украина, пораз со пресврт од Чешка во меч со многу осцилации и дебакл од Австрија за експресно напуштање на 14. Европско ракометно првенство. Ова е билансот на македонската репрезентација по трите одиграни натпревари во Виена, оставајќи многу прашалници во јавноста за причините што овојпат не беше мината ниту прелиминарната фаза на голем настан. Одговорот за бледите изданија веројатно го имаат самите ракометари и селекторот Данило Брестовац, освен ако нема и неракометни моменти од соблекувалната, тренинзите и подготвителниот период

„Одигравме под нивото. Направивме многу грешки и промашивме многу изградени шутеви. Австријците нè изненадија со одбраната 5-1, со полуфластер на мене. Разочарани сме, заслужуваме секаква критика. Ова е еден удар за нас“, нагласи капитенот по поразот од Австрија