Browsing: Македонија

За најмладата и најмала членка на УЕФА ова е прва победа во историјата во категоријата У21. Стрелец на единствениот гол на стадионот „Алгарве“ во Фаро беше Грем Торилја, член на локалниот клуб Монс Калпе, во 64. минута што го прави и најефикасен во тимот кој мечевите досега ги завршуваше со нула

Првенци во сениорската репрезентација на Висар Муслиу и Енис Барди, нова реализација на Александар Трајковски што беше копија на онаа против Италија во Торино во петокот и кам-бек со гол на Аријан Адеми. „Црвено-жолтите“ го завршија циклусот како петтопласирани во групата Г со 11 бода (три победи, два нерешени исхода и пет порази), директен пласман на мундијалот во Русија осигура Шпанија, Италија ќе игра бараж

„Црвено-жолтата“ фудбалска репрезентација одигра 1:1 против четирикратниот светски првак во Торино за изненадување на вечерта во претпоследното коло од квалификациите за СП 2018. Кјелини во 40 минута обезбеди водство за „азурите“, Трајковски во 77. го поништи и дефинитивно го исфрли составот на Џан Пјеро Вентура од трка за првото место во групата Г

Подобри од „црвено-жолтите“ попладнево беа нивните врсници од Србија со 2:0. Стрелци на головите на стадионот во тренинг комплексот при ФФМ беа Лукиќ во 22 минута и Живковиќ во 37. Веќе во понеделник ќе следува гостување во Португалија кај селекцијата на Гибралтар во квалификациите за ЕП 2019

Генералниот заклучок од истражувањето е дека јавното мнение е строго песимистичко, интровертно и со голема доза на недоверба кон меѓународните фактори од една страна и емоциоанално во своите ставови кога се работи за прашањето со името

Селекторот Раул Гонзалез објави список со 21 играч за претстојната ЕХФ недела (23-29 октомври) во која е планира само тренинзи, воигрување и тим билдинг како дел од подготовките за Европското првенство во Хрватска од 12 до 28 јануари догодина

Глобата за Албанците е за некоректно однесување на нивните навивачи за време на натпреварот против Македонија во Струмица во квалификациите за СП 2018. Од истите причини е санкционирана и ФФМ. Вкупно гледано, фудбалскиот сојуз на западниот сосед е казнет со 215,000 „швајцарци“ во циклусот, македонската федерација со 22,500 франци