Browsing: Македонци

Веќе дванаесетта година најмалите од полошкиот регион го учат јазикот и културата на другиот во рамки на групата „Мозаик“ во детските градинки во Тетово и Гостивар. Дечиња од македонска и албанска етничка заедница во групите се воспитуваат, образуваат, другаруваат и создаваат на двата јазика. За нив се грижат по две наставнички кои ги говорат и македонски и албански и велат дека за групата има интерес од родителите, затоа што децата ја практикуваа мултијазичноста и во натамошното школување

Најниска стапка на одобрување на азил, според извештајот на Европската агенција за азил, имаат Македонците и Молдавците со еден отсто. Македонците се, исто така, меѓу лицата кои најмногу повторно аплицираат откако ќе бидат одбиени

Од МНР посочуваат дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио остварила директна комуникација со тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот „Diamond Princess” во Јокохама. Станува збор за двајца мажи и една жена кои се членови на екипажот

Од МНР соопштуваат дека и претпладнево е остварен разговор со македонската Амбасада во Токио чии претставници се „на линија“ со јапонското Министерство за здравство. Засега не е позната состојбата на тројцата Македонци, нивниот идентитет, од каде се и дали биле како туристи или како дел од персоналот на крузерот во кој се евидентирани 61 заболено лице

Од МНР соопштуваат дека и претпладнево е остварен разговор со македонската Амбасада во Токио чии претставници се „на линија“ со јапонското Министерство за здравство. Засега не е позната состојбата на тројцата Македонци, нивниот идентитет, од каде се и дали биле како туристи или како дел од персоналот на крузерот во кој се евидентирани 61 заболено лице

Министерството за надворешни работи наведува дека е во постојан контакт со македонските државјани во Кина. Од таму посочуваат до граѓаните на Република Северна Македонија дека може да се обратат за подетални информации околу развојот на состојбите во Амбасадата на РСМ во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или е-маил beijing@mfa.gov.mk

За документот гласале сите 150 делегати, претставници на 103 организации од 35 земји во Европа, на 64. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во словачката престолнина Братислава

Во извештајот на Комитетот е опфатена и положбата на македонското национално малцинство во Албанија, за кое, како што стои во извештајот е обезбедена настава на мајчиниот јазик само во шест училишта во областа на Корча. Од друга страна, инцијативата за создавање на паралелки за настава на македонски јазик во Требишта, беше попречена од страна на регионалните дирекции за образование, наведуваат експертите на Советот на Европа

„Никогаш во мојот живот не сум доживеала толку силен земјотрес, толку многу се почувствува што мебелот и зидовите во станот се поместуваа, мислевме дека секој момент се ќе се урне зградата врз нас“изјави за НОВА Анета Младеновска Олмати која живее во градот Перуѓа