Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совет на Европа со совет до Албанија: Посилнa заштитa на правата на малцинствата меѓу кои и македонското

0
By Нова ТВ on March 23, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 23, 2019 15:26

Албанија признава девет национални малцинства – романско, бошњачко, бугарско, египќанско, грчко, црногорско, македонско, ромско и српско. Во четвртото мислење за Албанија, Советодавниот комитет на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства (РКНМ) ја повикува официјална Тирана да обезбеди законот за заштита на националните малцинства да може ефикасно да се спроведе со донесување на дополнителна легислатива.

Во извештајот на Комитетот е опфатена и положбата на македонското национално малцинство во Албанија, за кое, како што стои во извештајот е обезбедена настава на мајчиниот јазик само во шест училишта во областа на Корча. Од друга страна, инцијативата за создавање на паралелки за настава на македонски јазик во Требишта, беше попречена од страна на регионалните дирекции за образование, наведуваат експертите на Советот на Европа.

На македонски јазик во Албанија се емитуваат програми на радиото и на телевизијата, но претставниците на малцинствата сметаат дека тие се ретки и не се доволни.

Советодавниот комитет жали што не се обрна внимание на влијанието на административното преструктуирање на општините од 373 на 61, за процентот на населението во областите каде што лицата што припаѓаат на националните малцинства претставуваат важен, често мнозински дел од населението иако малцински. Само во три општини, меѓу кои и општината Пустец во областа Корча каде мнозинското население е македонско, се со мнозинско население составено од националното малцинство, во случајот македонското.

Комитетот забележува дека само во три општини во Албанија, од кои едната е Пустец со македонско население се надминува бројката од 20 отсто на населението за да може да се користи мајчиниот јазик во јавните органи. Но, надвор од оваа општина, македонското малцинство не може да ги користи поволностите на законот од 2017 година.

Со одлука на министерскиот совет на Албанија од мај во 2011 година се укина и обврската на изводите од матичните книги на родените да се назначува етничката припадност на лицата, која била дискриминаторска.

При разгледувањето на постигнатиот напредок и препораките донесени врз основа на посетата минатата година, Комитетот ја нагласува потребата строго да се почитува принципот на слободнo определување и фактот дека властите мора да престанат да се потпираат исклучиво на архивските податоци и регистарот за граѓански статус за да ги потврдат изјавите на лицата што припаѓаат на националните малцинства, пред пописот закажан за 2021 година.

Ромите и Египќаните и натаму се жртви на нееднаквост и дискриминација, особено на локално ниво. Треба да се направат дополнителни напори за подобрување на нивните услови за живеење и пристап до вработувањето, образованието и здравствената заштита и да се промовира нивната интеграција во општеството. Дополнително, треба да се доделат соодветни средства за имплементација на Националниот акционен план за интеграција на Ромите и Египќаните за периодот 2016-2020 година.

Мислењето, исто така, ја нагласува потребата да се обезбеди бројно помалите национални малцинства да имаат пристап до образование на јазиците на малцинствата и да се обезбеди достапност на доволен број учебници.

Други препораки вклучуваат распределба на средства за инфраструктурни проекти што се однесуваат на националните малцинства; заштитата на жените и децата што припаѓаат на ранливите заедници против експлоатација и злоупотреба и нивниот пристап до правна помош и правда; развој на јавна радиодифузија на јазиците на малцинствата; делегацијата во Советите на Заедницата да има овластување да одлучува за употребата на јазиците на малцинствата во односите со административните власти и за топографски индикации; усвојување на правила и процедури за основање и функционирање на Комитетот за национални малцинства и ревизија на Законот за национални малцинства со цел воспоставување на консултативни механизми на локално ниво. 

Албанија Македонци Малцинства Права Совет на Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.