Browsing: Министерство за здравство

Во врска со објавените написи дека Комисијата за заразни болести не препорачала отворање на границите, Министерството за здравство целосно ја демантира информација како невистинита и информира дека на состанокот на Комисијата на заразни болести од 22 јуни, Комисијата донесе одлука за препорака за отворање на границите и таа одлука заедно со другите одлуки и препораки за отворање на економски субјекти се доставени до Владата

Непознат маж кој утрово го чекал министерот за здравство Венко Филипче пред зградата на министерството предизвика конфузија во јавноста. Филипче вели дека разговарал со човекот кој имал здравствен проблем

Починатото лице е 80 годишен пациент од Скопје кој ја загуби битката со вирусот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде беше примен на 21 април. Во изминатите 24 часа се потврдени 26 заболени лица со ковид-19 во земјата и тоа во Скопје – 11, Куманово – 2, Тетово – 3, Струга – 6, Битола – 1, Гостивар – 1, Виница – 1 и Неготино – 1

Четири лица починаа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а едно во домашни услови во Куманово. Во изминатото деноноќие, истакнуваат од МЗ, се регистрирани и 29 нови случаи на коронавирус во земјата од кои 15 во Скопје, седум во Куманово, по три во Струга и во Кочани и еден во Прилеп

Од Министерството за здравство информираат дека меѓу новите 23 потврдени случаи на коронавирус во Куманово има и здравствени работници од тамошната болница за што подетални информации се најавени на редовната прес-конференција на министерот Венко Филипче во 16 часот

По пријава на хотелот во кој престојувале, епидемиолози од Центарот за јавно здравје Скопје од двете лица претпладнево земаа брисеви за тестирање во нивната хотелска соба во која гостите останаа до добивање на резултатите. Попладнево ќе бидат упатени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за третман соодветен на дијагнозата