Browsing: НАТО

Може ли да се биде рамнодушен на оваа денешна сцена пред седиштето на НАТО? – Во моментов се одвиваат активности за поставување на македонското знаме и другите прогодни обележја за новата, 30-та земја членка на Северноатланскиот сојуз. Сонот на сите претходни и сегашни генерации станува реалност, државата добива стабилна и просперитетна иднина. Успеавме“, напиша Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи, на својот Фејсбук профил

Македонскиот претседател од собраниската говорница рече дека кога и формално ќе станеме 30. членка на НАТО, во годината на 70. роденден на Алијансата, нашата одговорност се зголемува, а реформите не запираат и нагласи дека членството во Алијансата немаше да биде возможно без длабоките политички промени што се случија во изминатите години во нашата држава

Документот ќе биде со одложено дејство и ќе стапи на сила, откако ќе биде ратификуван и од шпанскиот Сенат, како последен чекор за и официјално земјава да стане 30 членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот

Свечената седница за ратификација на документот со одложено дејството ќе биде на 11 февруари, ден пред распуштање на актуелниот парламентарен состав поради предвремените избори што се закажани на 12 април. Ова го потврди собранискиот спикер, Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите

Ова, меѓудругото, го истакна францускиот амбасадор во земјава на денешната тркалезна маса насловена „Патот кон НАТО и ЕУ – предизвици и перспективи“ во коорганизација на Советот на амбасадори во и кабинетот на претседателот Стево Пендаровски и може да се толкува како негово благо омекнување на многупати повторениот став – прво реформа на процесот за проширување, па потоа преговори со државите – кандидати за членство

Таа како одговорна министерка во ресор, кој е директно врзан со членството во НАТО, предупреди на опасноста од заговарање идеи за поништување или повторно отворање на Договорот од Преспа, без кој, нагласи, нема членство во НАТО, нема стопроцентна безбедност, стабилност, сигурни граници и обезбедена иднина