Browsing: обвинителство

Бојан Јовановски денеска во скопското Јавно обвинителство поднел кривични пријави против повеќе носители на јавни функции, членови на нивните семејства и бизнисмени. Неговиот адвокат Сашо Дуковски рече оти очекува од Обвинителството да отвори предмети по поднесените кривични пријави по документирање на случаите

Од скопското Обвинителството информираат дека кон крајот на 2018 година тој донел поединечни решенија за додаток на плата за месец ноември за сите судии на Врховниот суд, освен за една судијка со што и го скратил правото на 31.189 денари, иако не користела отсуство од работа во наведениот период. Против Вангеловски во меѓувреме има и предистрага од Обвинителството за предметите што неговиот наследник на функцијата ги пронашол во фиока за што Нова ТВ пишуваше во јануари оваа година

Поранешна голема фабрика од Неготино им запирала рати за кредит на своите некогашни вработени, но средствата не биле уплаќани во банка, па 135 лица се нашле на црвена листа должници. Тие велат дека се чувствуваат како заложници. Според нив, нанесена им е вкупната штета од над 300.000 евра. Обвинителството потврди дека работи на случајот

Постапувам за оваа пријава исто како што постапувам и за секоја друга“, вели обвинителката Вилма Рускоска како одговор на острите критики од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој на протестот на опозициската партија изрази незадоволство од постапувањето на Обвинителството и судовите

Фактот дека Законот за јавно обвинителство продуцира правда и праведно општество е поткрепен со уште еден аргумент во прилог на тоа дека, не само предметите на СЈО кои се во судска процедура, односно имаат обвинителни акти пред 30 јуни во 2017 година, туку во игра се враќаат и досиејата на СЈО кои се во предистрага или во фаза пред обвинителен акт, а за кои Врховниот суд донесе одлука дека по 30-ти јуни, 2017-та обвинителско-судските институции не смеат да преземаат ништо

Да сум им јас претпоставен, ниту обвинителката ќе беше денеска обвинителка, ниту инспекторот ќе беше денеска инспектор“, рече Шилегов на прес-конференција по повод обелоденување на третманот со медицински отпад во погоните на „Еко клуб“