Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ниту ЗКП, покрај Законот за ЈО, не ги ограничува истрагите на СЈО

0
By Нова ТВ on February 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 23, 2020 11:17

Предметите на СЈО кои се во фаза на истрага, согласно новиот Закон за јавно обвинителство, можат да продолжат. Од продолжението и крајот на истрагата ќе зависи колку обвинителни акти ќе се покренат и дали за некое од делата кои се истражуваат ќе има судски процес. Законот, покрај тоа што овозможува да продолжат сите започнати судски процеси по предметите на СЈО, отвора прилика во игра да се вратат и досиејата кои се фаза поназад – во истрага.

Тоа значи дека уште голем број осомничени, пред се функционери и соработници на ВМРО ДПМНЕ, може да се најдат на листата со обвинети. Во предметите кои се истражуваа во СЈО, а кои сега може да се продолжат од истите обвинители, кои се распоредени низ другите обвинителства, има десетина случаи. „Империја“ е еден од поголемите во кој се истражува финансискиот криминал на Орце Камчев, Сашо Мијалков и на уште десетина други вмешани во пирамидата.

Антонио Милошоски е осомничен во предметот „Моќник“ со продажба на државно земјиште по ниска цена. Силвана Бонева е под истрага во „Друмарина“ за лажно прикажување на патни налози. Екс-министерот за здравство Никола Тодоров се гони за сомнителна набавка на медицинска опрема во
досието „Рентген“. Никола Груевски и Миле Јанакиевски се осомничени во „Актор“ со изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица, а се проверува дали переле пари.

„Транспортер 2“ е резервиран за поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски и уште неколку други лица за малверзации со превозот на ученици. За ова дело веќе има активно обвинение наречено „Транспортер“. Ѓоко Поповски и уште едно лице се истражуваат во предметот „Странски служби“ за извештајот што го подготвиле во УБК кој требало да ја потврди верзијата на државниот
врв раководен од ВМРО ДПМНЕ дека имало клонирани базни станици низ Скопје кои го правеле незаконското прислушување, а не како што е вистината, дека тоа се правело во УБК.

Досието “Дизајн“, посветено на сомнителната набавка на двокатните автобуси за ЈСП, на одговорност го повикува Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ и уште неколку други лица. Во „Хармонија“ осомничени се Груевски, Јанакиески и Стевчо Јакимовски, обезбедиле имотна корист на еден приватен универзитет. Груевски заедно со Кирил Божиновски и уште неколкумина други се истражуваат во „Пропаганда“ затоа што контролирале медиуми со државни пари во партиски цели.

Името на поранешниот министер за финансии, Зоран Ставревски се појавува во истрагата „Подарок“, заедно со Јанакиески, под сомнение дека овозможиле една руска компанија да оствари имотна корист на штета на државната каса. Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети се истражуваат за пропаднатиот попис. Покрај Ахмети, од врвот на ДУИ е засегнат и Бујар Османи кого обвинителите го проверуваат во
досието „Пациент“ за фаворизирање на фирма од Бугарија на јавен тендер. Екс министерот Љупчо Димовски се гони во „Продуцент“ затоа што трошел државни пари за закуп на телевизиски простор. Има уште неколку истраги, како таа за Поштенска банка, базните станици и други кои сега имаат шанса да стигнат до обвинителен акт.

Досието „Скопје 2014“, како и други големи предмети се во фаза на предистрага, но и тие се преземени од Јавното обвинителство и за нив е дозволено да се отворат истраги. Како е можно да се продолжат истрагите ако Законот за кривична постапка (ЗКП) предвидува рокови, од шест месеци до 18 месеци? Да, ЗКП предвидува рокови, но тие не се преклузивни, туку инструктивни, односно не се дефинитивни и нивното непочитување не повлекува запирање на истрагата.

Преклузијата значи дека се губи некое право поради истек на време (пример, ако не се поднесе жалба во предвиден рок во однос на некоја одлука/пресуда/решение, се губи правото на жалба). Инструктивноста дава рамка за можно завршување и повеќе се однесува на дисциплината и одговорноста на обвинителот за што побрзо да постапува, но тоа не значи дека по истекот на предвидениот рок тој го затвора предметот и го архивира како никогаш да не постоел. Напротив, ако е на добар пат да изгради солидно обвинение секако дека е логично и исправно да му се остави уште одреден период за квалитетно да ја заврши истрагата.

Дополнително, никаде во ЗКП нема одредба дека доколку некој рок за истрага биде пропуштен дека тоа по автоматизам значи дека истрагата е затворена и никому ништо. Второ, што доколку во одредена истрага е неопходна меѓународна помош? Има предмети на СЈО кои се истражуваат и надвор и за кои се чекаат повратни информации и докази веќе година и половина до две. Како во таква ситуација може да се запази наведениот рок во ЗКП? Никако. Уште повеќе ако се знае дека за одредени истраги клучните докази се во странство.

Обвинители пренесуваат дека постојат примери во праксата кога истрагите траеле и по две, три, четири години. Сепак на крајот е многу поважно дали истрагата е професионално водена и обезбедила цврсти материјални докази за кривичното дело, а не дали била кратка или подолга. Рокот што им беше поставен на специјалните обвинители од 18 месеци, судиите во Врховен го оценија како да е преклузивен, па затоа донесоа Мислење дека за некои предмети и истраги специјалните обвинители не може да постапуваат, што во пракса значи дека многу досиеја на СЈО требаше да згаснат.

Но сега, новиот закон за јавно обвинителство го анулира таквото мислење на Врховен суд и отвора простор за продолжување и на истрагите и на судските постапки. Ограничување за тоа нема ниту во
ЗКП.

ЗКП истраги обвинителство предмети СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.