Browsing: одложување

Експерtи од правната област уште денеска ќе се состанат кај претседателот Пендаровски за да изнајдат решение како да се прекинат роковите за избори. На состанокот ќе присутвуваат и техничкиот премиер Оливер Спасовски и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Прогласување вонредна состојба очигледно е посериозна алатка за полесно менаџирање на кризата со коронавирусот и ние најверојатно ќе се движиме во таа насока, рече денеска на пресконференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Не станува збор само за денот на изборите. Во овој процес се вклучени многу луѓе кои меѓусебно треба да комуницираат. Само членови на избирачките одбори се 35.000 луѓе, а дополнителен е и бројот на членовите во ОИК, а во организација на изборите е вклучен и огромен број административно технички и логистички персонал. Треба да бидат заменети 3.200 лица од медицинскиот персонал кои што се членови на избирачките одбори и ОИК.

„Парламентот ниту донел одлука, ниту, пак, ќе сноси некаква одговорност ако не се придржува на договорот на шефовите на партиите за избори во април“, вели поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски.

Обвинети во овој предмет се актуелниот пратеник на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури. Според обвинението покренато од поранешното Специјално јавно обвинителство, обвинетите се товарат за изборни нерегуралности во Чаир, во локалните избори одржани во 2013 година. Наредни рочишта за предметот се закажани на 19 февруари, на 26 февруари и на 25 март