Browsing: Охрид

Преговорите почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид и резултираа со парафирање на документот на 13 август во претседателската резиденција на Водно. Потпис на Рамковниот договор ставија тогашниот претседател на државата, Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП, Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ, Бранко Црвенковски и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ, Франсоа Леотар и на САД, Џејмс Пердју

Пола од казните се однесуваат на правни субјекти од автокампот „Градиште“ што ги прекршиле одредбите од Законот за градење. Инспекторите констатирале дека тие правни субјекти незаконски поставиле урбана опрема – тераси со и без натстрешници и покриени и непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобрението за поставување на урбана опрема

Самите хотелиери веќе не очекуваат оваа сезона да има странски гости што би дошле преку организирани патувања, додека за домашните исто со оценка дека ваучерите што ги додели државата како помош ќе бидат искористени за приватно сместување или во сместувачки капацитети од пониските категории

Општина Охрид минатата недела почна со уривање на бетонската база на советникот на ДУИ, Нефи Усеини, откако беше објавен аудио разговор на Јутјуб каде се слуша како Александар Николоски му вели на Миле Јанакиески „да не се чепкаат неговите згради во Далјан оти тоа било дел од договор за избори“