Browsing: партии

СДСМ својот избор ќе го обелодени вечерва по Конгресот на партијата, ВМРО-ДПМНЕ најави Централен комитет за утре, Движењето „Беса“ и ДУИ излегоа со носители. На изборите на 12 април ќе нема независни кандидатски листи, откако во предвидениот рок ниту еден од пријавените шестмина кандидати за независни носители не ги собра потребните 1.000 потписи

Германскиот амбасадор Томас Герберих во интервју за „Слободен печат“ изрази надеж дека изборната кампања ќе има содржини, а не само меѓусебни партиски обвинувања и додава не би ја нарекол валкана, туку премалку ориентирана кон суштината

Разговараме со партии со т.н. албански предзнак, но и на Србите, Роми, Власи и Бошњаци. Ќе објавиме коалиција кога ќе ги имаме сите детали. Очигледно е дека ќе има голема победничка коалиција, нагласи техничкиот премиер и еден од потпретседателите на СДСМ

Додека ја вршам фукцијата Јавен обвинител на Република Македонија, сторителите ќе бидат третирани врз основа на фактите и стореното кривично дело, а не врз основа на етничка или партиска припадност, потенцира државниот јавен обвинител Љубомир Јовески