По долги години мачење со левиот колк: Томаш Бердих објави крај на кариерата

Чехот се повлекува од професионалниот тенис со заработувачка од преку 30 милиони долари, 13 турнирски победи во поединечна конкуренција, две во двојки и со две титули во Дејвис купот во 2012 година и во 2013 година. Официјалната објава ја најави за сабота на завршниот Мастерс во Лондон

Руските близнаци обесија копачки на ѕид: Браќата Березутски во пензија

Василија и Алексеј ја завршија кариерата во ЦСКА Москва на 36 годишна возраст. Со „армејците“ имаат шест шампионски титули во руската Премиерлига, седум во националниот куп, пет во рускиот Суперкуп и една во Купот на УЕФА во 2005 година

Италијанска фудбалска сцена: Шчесни во Јуве, Касано во пензија

Вредноста на соработката меѓу полскиот репрезентативен голман и шампионот во Серија А, според медиуми на Апенините, е 10 милони евра плус два милиона во вид на бонуси или 3,5 милиони евра по сезона. Поранешниот репрезентативен напаѓач на „азурите“, пак, според „Газета дело Спорт“ ќе го раскине договорот со Верона што го потпиша пред само осум дена и засекогаш ќе ги обеси копачките на ѕид

Го одбра семејството пред 50 азиски милиони: Ван Гал се пензионира

Поранешниот тренер на Ајакс, АЗ Алкмар, Барселона, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед и селектор на Холандија заминува во пензија, објави холандски „Телеграф“. Како причина весникот ја наведува ненадејната смрт на сопругот на една од неговите ќерки во минатиот месец