Browsing: поплава

На барање на граѓаните оштетени од поплавата во изминатиов месец, Владата на Република Македонија соопшти дека го продолжува рокот за пријавување на штетите од поплавите до 7. септември

Надвор е неподносливо топло, а пцовисаниот добиток уште плива во поплавените подрачја. Заразата тропа на врата, а кожното одделение во„8 Септември“ е пред затварање. И да не е, нема капацитет за работа

-Јас бев во Скопје, три години не сум отиден на одмор. Бев на терен веднаш. Толкава маса за толку мал период, на толку мала површина, нема фекални канализации, нема атмосферски канализации, нема канали што може да ја прифатат, рече Трајановски

Пратениците од СДСМ денеска упатија барање за Надзорна расправа до Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во врска со Примената на законските и подзаконските прописи во областана заштита од поплави и хидрометеоролошките работи

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски во денешната посета на селата од општина Јегуновце, упати барање власта да ја запре изградбата на Панорамско тркало и парите да се пренаменат за санирање на коритото на реката Вардар, која често предизвикува поплави во овие населени места

Парите што до сега се собрани во Црвен Крст, (650 илјади евра на двете сметки) стојат на страна и никој не смее да ги чепне без одлука на извршен одбор и без критериуми за поделба, информираше генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Собранието гласаа против вистинска помош за настраданите граѓани, обвини на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ и пратеник Петре Шилегов. Според него заклучоците што вчера ги усвои парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не можат да ги решат бројните проблеми на граѓаните зафатени од поплавите