Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: преговори
И на четвртиот ден, вонредниот самит на ЕУ во Брисел за планираната помош во корона-кризата сè уште не е завршен. Лидерите на Унијата се согласија на пауза и треба да се вратат на заедничката маса во 16 часот
Во малото населено место Нивици на грчката страна на Преспанското Езеро точно пред две години шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас ги ставија своите потписи на Преспанскиот договор.Со решавањето на спорот со Грција се одблокираа интегративните процеси на земјава во НАТО и Европската унија. Македонија согласно договореното се преименува во Република Северна Македонија, државјанството стана македонско/државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски
На денешен ден пред точно три години беше формирана Владата предводена од СДСМ на чие чело застана лидерот на партијата…
Коосновачот на Советот за политичка демократизација во интервју за МИА го образложи ваквиот став со двата инцидента за кои вели „се закануваа да ги разгорат етничките тензии во 2015 година и во 2017 година и луѓето не им дојдоа на таа „забава“. Во однос на потенцијалното блокирање на Бугарија на преговорите на Македонија со ЕУ, тој вели дека „Скопје треба да е свртено кон Брисел, не кон Софија“
Ова се очекувањата на Бојан Маричиќ, национален координатор за интеграција во ЕУ и главен преговарач за технички прашања, кој во почетокот на јуни од Европската Комисија очекува објава на предлог преговарачката рамка за почетокот на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи во интервју за МИА вели дека се реални очекувањата од земјите – членки на Европската…
Ваквиот негов одговор на бугарскиот премиер дојде по прашањето од бугарски новинар „врз која основа ги поддржуваме кога велат дека е подобро да не влегуваме во ЕУ, ако треба да се откажеме од јазикот“. Потсети дека „при евентуална отстапка од Договорот со добрососедство, Бугарија може да стави вето во било кое поглавје од преговорите на Македонија со ЕУ“ и нагласи оти верува дека на крајот ќе натежне пријателството
Северна Македонија ќе остане посветена на фундаменталните реформи и ќе продолжи да придонесува за европската безбедност. Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија се нашиот влог во европската иднина, порача премиерот на Владата и, меѓу другото, додаде дека посветено се работи со Комисијата и Советот на ЕУ за што поскоро закажување на Првата меѓувладина конференција со која практично ќе биде означен практичниот дел од преговарачкиот процес
Министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил напиша дека европските лидери вчера вечер ја потврдија одлуката на…
Лидерот на СДСМ за време на денешното гостување на „Утрински брифинг“ се осврна и на предлогот на партијата за кратење на платите што, како што рече, бил погрешно сфатен и изваден од контекст. Притоа истакна дека тоа е само предлог што не значи дека ќе биде прифатен од Владата
Донесена е одлука, Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот…
Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ ги усогласиле деталите околу препораката ЕУ да отвори преговори со двете земји, наводно без дополнителни услови за Македонија, но не и за Албанија, што според дипломати, таа разлика се должела на ставовите на државите