Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство со ЕУ

0
By Нова ТВ on May 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 9, 2020 12:18

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи во интервју за МИА вели дека се реални очекувањата од земјите – членки на Европската унија да постигнат усогласување за преговарачката рамка во втората половина од оваа година, доколку не дојде до некои посериозни нарушувања на политичките процеси во ЕУ.

„Тука е секако клучно и претседавањето на Германија со Европската Унија во овој период, земја која е силен поддржувач, може да се рече и предводник на процесот на проширување, кои сигурно нема да ја пропуштат можноста и ќе дадат сè од себе за успех и одржување на првата меѓувладина конференција за време на нивното претседателство“, вели Османи.

Земјите членки на унијата на седницата на Советот за општи работи на ЕУ на 25 март се согласија за Северна Македонија и Албанија да добијат зелено светло за почеток на преговорите за зачленување. Изјавата на Бугарија е прикачена од записникот од таа седница. Во неа меѓудругото се бара Скопје да престане со каква било поддршка на организации кои се декларираат како македонско малцинско во Бугарија, а јазикот во ЕУ документите и преговарачката рамка да се именува како официјален јазик на Република Северна Македонија, а не како македонски јазик.

Во однос на изјавата на Бугарија, Османи вели дека тоа е издвоено мислење, кое не е став на Европската Унија, туку засебно мислење на една земја – членка.

„Тоа не ја отстранува нивната формална можност во секој дел и период од преговорите да ја употребат можноста за вето, но тие тоа можеа да го сторат и на Советот во март, кога се носеше одлука за почеток на преговорите“, вели Османи.

Бујар Османи ЕУ Македонија Преговарачка рамка преговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.