Browsing: преговори

За денеска во Брисел е закажан состанок на Советот за надворешни работи, утре ќе заседава Советот за општи работи додека 26 и 27 март се резервирани за седница на Европскиот совет на која треба да биде официјализирана одлуката за отпочнување на процесот на преговори со С. Македонија и Албанија за членство во (ЕУ)

Според вицепремиерот за европски прашања, донесена е со консензус, истата е безусловна и со барање за одржување на првата меѓувладина конференција веднаш по одобрување на преговарачката рамка. Официјална потврда од Брисел се очекува во текот на денот

По објавувањето на извештајот за напредокот во кој комисијата препорачува почеток на преговори со Северна Македонија и во кој го поздравува напредокот во реформите, надлежните се надеваат дека Советот во март ќе даде позитивна одлука за преговори

Претседателот на СДСМ испрати порака и до европските граѓани, до нивните лидери, како и до Европската комисија која, како што рече, веќе ја заврши работата, да го исполнат своето ветување и повтори дека земјава не очекува веднаш членство, туку одлука за добивање датум за почеток на преговорите и отворање на претпристапните поглавја

Северна Македонија и Албанија можат да ги отворат преговорите со ЕУ за неколку недели, изјави комесарот за проширување Оливер Вархеји кој воедно најавува дека двете земји ќе добијат позитивен извештај од ЕК

Разговараме со партии со т.н. албански предзнак, но и на Србите, Роми, Власи и Бошњаци. Ќе објавиме коалиција кога ќе ги имаме сите детали. Очигледно е дека ќе има голема победничка коалиција, нагласи техничкиот премиер и еден од потпретседателите на СДСМ

По најавата на Шпанија за забрзување на постапката за ратификација на Протоколот за НАТО и реафирмираната поддршка за старт на преговорите за членство во ЕУ, како и омекнaтиот став на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе поддржи отворање на преговори со Скопје и Тирана ако резултатите од извештајот што ЕК се позитивни, го прават март клучен месец во календарот за евро-атлантските перспективи на земјата