Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрватска ќе предложи носење одлука за старт на преговори со Македонија и со Албанија

0
By Нова ТВ on March 18, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 18, 2020 11:43

Хрватската, која претседава со Европската Унија (ЕУ), наредната недела ќе предложи да се донесе одлука за почеток на преговори за членство со Северна Македонија и со Албанија, а првите меѓувладини пристапни конференции да бидат свикани веднаш по усвојувањето на преговарачката рамка. Ова стои во Предлог заклучоците на Загреб за средбата на Советот за општи работи на ЕУ што ќе се одржи на 24 март, во кои увид имала хрватската новинска агенција ХИНА.

Според ХИНА, се очекува министрите за надворешни работи на земјите од Унијата да ги прифатат овие заклучоци, ооткако претходно за нив ќе се разговара на ниво на амбасадори на членките на ЕУ. Текстот на заклучоците мора да биде едногласно поддржан од сите земји членки, поради што се можни измени во предложениот нацрт пред неговото усвојување. Оваа одлука, доколку биде донесена од Советот на министрите, треба да ја поддржи и Европскиот совет, односно шефовите на држави или влади на членките на ЕУ на Самитот закажан за 26 и 27 март, наведува хрватската агенција.

Според предлог заклучоците, Советот за општи работи треба да ја повика Европската комисија да предложи нацрт рамка за преговори со двете држави што е можно побрзо, а најдоцна до јуни годинава. Согласно правилата на ЕУ, преговарачката рамка треба да биде поддржана едногласно од сите земји членки на блокот, што е предуслов за свикување на првата меѓувладина пристапна конференција со што официјално започнуваат преговорите за членство.

Официјални претставници на Постојаната мисија на Хрватска во ЕУ во изјава за ХИНА не сакале да ги коментираат предлог заклучоците, велејќи само дека и покрај сегашната криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, тие интензивно работат и на други прашања, како проширувањето на Унијата, што е еден од приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ.

Албанија ЕУ Македонија преговори предлог Хрватска членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.