Browsing: програма

Тој рече дека рече дека новата Влада ќе биде стабилна, ефикасна и одговорна која ќе ги гарантира стратешките определби, односно членство во НАТО и во ЕУ, добри меѓусоседски односи, справување со корона-кризата, нова енергија и подинамичен економски раст, како и ефикасна правна држава, модерно образование и стабилни институции. Програмата за работа на Владата, додаде тој, во целост ја отсликува посветеноста на сите политички партии од коалицијата за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелно прочистување на судството и проверка на потеклото на имот и пари на сите функционери

Партијата што обезбеди два мандата во новиот собраниски состав, меѓу другото, е за укинување на Охридскиот рамковен договор, поништување на Договорите со Грција и со Бугарија, признавање на независноста на Палестина, на Каталонија и на Баскија и отповикување на признавањата на Косово, на Израел и на Јужна Кореја

Случај на измама и корупција од 2,2 милиони евра од средствата на образовната програма „Еразмус плус“ на Европската Унија наменета за Република Северна Македонија што која била организирана и спроведувана од 2016 до 2018 година, обелодени денеска на прес-конференција Лидија Димова, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави нови четири милијарди евра домашни и странски инвестиции за еден мандат, драстично намалување на невработеноста под 10 отсто, нула персонален данок за млади до 29 години што ќе значи ослободување од персонален данок за нивно вработување при годишен нето приход до 6.500 евра

Според договорот за ограничување на иранската нуклеарна програма од 2015 година, официјален Техеран се обврза да нема поголеми залихи од 300 килограми ураниум збогатен до ниво 3,67 отсто, но притоа смее да збогатува ураниум за извоз што најчесто одеше за Русија