Browsing: прослава

Претседателот Пендаровски, на свеченоста, со Орден за воени заслуги ќе ги одликува баталјонот за воено-медицинска поддршка, третиот пешадиски баталјон од првата пешадиска бригада и канцеларијата за соработка во одбраната на САД. Процесот за формирање на современата македонска армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија

Претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе се обрати од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, премиерот Оливер Спасовски ќе ја предводи владината делегација на скопско Кале, а потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски ќе одржи говор на Мечкин Камен во Крушево на Денот на Република на кој оваа година се одбележуваат 117 години од Илинденското востание и 76 години од првото Заседание на АСНОМ