Browsing: прослава

По Самоа во новата година влезе и Нов Зеланд, по тешката година, во која беа соочени со голем терористички напад и ерупција на вулкан. Во Новата 2020 година наскоро ќе влезе и Австралија, меѓу кои и Сиднеј, каде повторно ќе има спектакулараен огномет и покрај петицијата потпишана од повеќе од 280.000 луѓе против таа атракција. Американската Самоа, која се наоѓа на само 220 километри источно од Самоа на другата страна од датумската граница, последна ќе влезе во 2020 година

Алжир го совлада Сенегал со 1:0 во финалето на Купот на Африкански Нации во Египет за невидена еуфорија во земјата, но и судири со полицијата во неколку француски градови. Во текот на ноќта во Париз беа уапсени 102 лица од кои, според извештајот на Министерството за внатрешни работи, 86 завршија во притвор. Француските власти наведуваат дека низ целата земја биле уапсени 198 лица од кои 177 останале во притвор

Од Владата засега не можат да потврдат дали и германската канцеларка Ангела Меркел, која в сабота ќе биде во Скопје, ќе присуствува на прославата, бидејќи нејзината агенда се уште не е утврдена

Од МВР соопштија дека за прославата на Илинден биле ангажирани 180 припадници на униформираната полиција, 70 полициски службеници во цивилна облека, 120 припадници на Одделот за специјални полициски операции и 10 полициски службеници од Одделот за заштита на одредени личности и објекти. Дополнително, за обезбедување на внатрешниот параметар на патеката по која се движеа делегациите биле ангажирани и припадници на Посебните единици на полицијата од кои 30 во цивилна облека, а 10 во полициска униформа