Browsing: Протокол

По најавата на Шпанија за забрзување на постапката за ратификација на Протоколот за НАТО и реафирмираната поддршка за старт на преговорите за членство во ЕУ, како и омекнaтиот став на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе поддржи отворање на преговори со Скопје и Тирана ако резултатите од извештајот што ЕК се позитивни, го прават март клучен месец во календарот за евро-атлантските перспективи на земјата

Македонскиот претседател од собраниската говорница рече дека кога и формално ќе станеме 30. членка на НАТО, во годината на 70. роденден на Алијансата, нашата одговорност се зголемува, а реформите не запираат и нагласи дека членството во Алијансата немаше да биде возможно без длабоките политички промени што се случија во изминатите години во нашата држава

Документот ќе биде со одложено дејство и ќе стапи на сила, откако ќе биде ратификуван и од шпанскиот Сенат, како последен чекор за и официјално земјава да стане 30 членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот

Свечената седница за ратификација на документот со одложено дејството ќе биде на 11 февруари, ден пред распуштање на актуелниот парламентарен состав поради предвремените избори што се закажани на 12 април. Ова го потврди собранискиот спикер, Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите

Таа како одговорна министерка во ресор, кој е директно врзан со членството во НАТО, предупреди на опасноста од заговарање идеи за поништување или повторно отворање на Договорот од Преспа, без кој, нагласи, нема членство во НАТО, нема стопроцентна безбедност, стабилност, сигурни граници и обезбедена иднина

Кабинетот на премиерот Педро Санчез побара ратификација на документот по итна постапка имајќи предвид дека неговата земја е последна од 29-те членки на Алијансата што го нема тоа направено