Browsing: ракомет

Каталонците го совладаа Вардар со 30:26 во дербито на седмото коло во групата А во ракометната Лига на шампиони и се задржаа како лидери на табелата пред реваншот со македонскиот првак во сабота (19 ч.) вол „Блауграна“

Договорот за унифицирање го потврдија челниците на ракометните Федерации во двете земји и доаѓа по состанокот во севернокорејскиот пограничен град Каесонг. Спогодбата опфаќа тим од 20 играчи од кои 16 ќе бидат јужнокорејци и четворица севернокорејци. 

Вардар го совлада Мешков Брест со 30:23 во шестото коло од групата А во ракометната Лига на шампиони. Игор Карачиќ постигна 11 гола за „црвено-црните“ кои наредниот викенд (недела, 17 ч.) ќе бидат домаќини и на Барселона

„Црвено-жолтите“ славеа во првиот меч од баражот со 32:24 за, без малку, формален реванш во среда во Клуж. Кире Лазаров беше најефикасен со осум гола, Дејан Манасков додаде шест, одличен на голот беше Борко Ристовски со 15 одбрани. Прв стрелец во поразената селекција беше Ракотеа со пет погодоци

Мечот меѓу македонскиот и европски првак и предизвикувачот од Франција е попладнево (18 ч.) во „Ланксес арена“ во Келн во која, пак, од 15.15 часот ќе се пресметаат ПСЖ (лански финалист) и дебитантот на завршните турнири, Нант на Кире Лазаров