Browsing: ракомет

„Црвено-жолтите“ загубија од „фуријата“ со 20:31 во првиот настап во новоформираната група 2 во Вараждин и се спуштија на четвртото место на табелата. Шансите за посакуваното полуфинале, сепак, не се загубени. Пред националниот тим се уште два меча, првиот нареден е во вторник (18,15 ч.) против Чешка

Домаќинот на ЕП подобар од неговиот источен сосед со 32:22. Лука Степанчиќ и Мануел Штрлек беа први стрелци со составот на Лино Червар со шест погодоци колку што постигна и Петар Ненадиќ за поразената репрезентација. Во тимот на Јовица Цветковиќ, кој се загуби во второто полувреме, се истакна уште Немања Зеленовиќ со пет гола. Франција подобра од Норвешка со 32:31 во дербито на групата Б. Македонија утревечер (19,30 ч.) против Словенија во воведниот настап на континенталниот турнир

Исланѓаните со 26:24 ја добија скандинавската пресметка со Шведска во рамки на групата А во Сплит додека Белорусите беа за гол подобри од Австрија (27:26) во Пореч. Македонија утревечер (19,30 ч.) против Словенија во премиерниот настап на 13. континентален турнир

Вардарци ја освоија ракометната Лига на шампиони, вардарки освоија сребро на Фајналфор турнирот. Македонската млада фудбалска репрезентација настапи на ЕП во Полска, фудбалерите на Вардар беа дел од групите во Лига Европа. Антиќ, пак, со Фенербахче триумфира во Евролигата

„Ролетарот“ меѓу „црвено-црните“ стативи доби најмногу гласови од жирито составено од 30 новинари, но и од преку 100.000 фанови во изборот на специјализираниот ракометен сајт „Хендбол Планет“. Во идеалниот тим се најдоа и четворица играчи на ПСЖ и по еден на Барселона и на Скјерн